Млад или стар - кога е најдобро да се стане татко?
Не е сеедно дали машкиот родител е помлад од 25 години, или, пак, постар од 51 година. Барем кога социјалниот развој на детето во прашање.
Хју Грант по првпат стана татко со 51 година. Алек Болдвин доби син на 59 години. Џорџ Клуни, пак, се оствари во улогата на родител на близнаци, дури откако наполни 55 години.
Научниците со децении проучуват како добата во која жената станува мајка се одразува на здравјето на детето. Што се однесува до годините на таткото, пак, дури од неодамна почнаа да се занимаваат и со оваа проблематика, доаѓајќи до неочекувани резултати.
Анализирајќи го однесувањето на 15.000 деца од 4 до 16 години, научниците откриле дека возраста на таткото при зачнувањето на бебето, има големо влијание врз понатамошниот развој на детето, поточно на неговите социјални вештини.
Фокусирајќи се на развојните образци, тимот од експерти предводен од д-р Магдалена Јанечка, забележал разлики во хиперактивноста, емоционалноста и врсничките проблеми кај децата. Понатамошната анализа потврдила дека социјалните вештини на детето се примарно поттикнати од генетските фактори, а не животните околности.
Изненадувачки е податокот дека кај татковците под 25 години и над 51 година, постои подеднакво висок ризик детето да има проблеми со социјалниот развој, па дури и нарушувања, како што е аутизам.
Резултатите посочуваат дека децата од (пре)младите и (пре)старите татковци, првично се понапредни, покажувајќи просоцијално однесување во раното детство.
Меѓутоа, како што растат, нивниот развој се забавува, па во периодот на адолесценција, таа иста група на деца заостанува зад врсниците чии татковци се во средни години.
Како и многубројните други комплексни експерименти, така и последниот отвора повеќе прашања. Потребни се дополнителни истражувања, коишто ќе понудат поопсежна научна рамка за биолошката врска меѓу добата на родителот и споменатите ризици.
М. А. | Црнобело