Мајка со застрашувачко искуство предупредува зошто лизгалките се опасни за децата (фото)
Хедер смета дека сама ја ставила својата ќерка во опасна ситуација непотребно и затоа испраќа порака другите родители да не ја направат истата грешка.
Хедер Клер е мајка на 3 дечиња, која деновиве прикачи фотографија од еден немил настан со нејзината ќерка во 2015 година. Долго време таа не сакала да говори за ова затоа што се обвинувала, но сега ја објави фотката за да ги предупреди другите родители да не ја направат истата грешка.
Хедер се спуштала по лизгалка на едно детско игралиште со нејзината тогаш 12-месечна ќеркичка Медоу во скутот.
Таа не забележала дека ногата на нејзината ќерка е заглавена помеѓу неа и лизгалката, а несвеснa дури позирала со насмевкa на лицето кога нејзиниот сопруг ги фотографирал. Додека да се освести за ситуацијата и да реагира, штетата била направена.
Само миг подоцна ногата на малата Медоу била скршена, таа неутешно плачела и итно заминале во болница.
Повредата се случила само неколку дена откако Медоу ги направила првите чекори и Хедер вели дека се чувствувала како самата да ја ставила својата ќерка во таа ужасна ситуација. Затоа Хедер испраќа порака до сите родители колку лизгалките може да бидат опасни за децата.
Според истражувањата, најголем процент на повреди на лизгалки се случуваат кај децата на возраст од 12 до 23 месеци.
Медоу денес:
С. С. | Црнобело