Мишел Обама го сподели најважниот родителски совет што го добила и го применува

Поранешната прва дама на САД вели дека најдобриот совет за воспитување го добила од своите родители во текот на растењето и сега го применува со своите ќерки.

mishel-obama-go-spodeli-najvazniot-roditelski-sovet-shto-go-dobila-i-go-primenuva-01.jpg

Мишел Обама на годишната конференција на American Library Association во Њу Орлеанс проговори колку големо влијание имале нејзините родители во начинот на кој таа ги воспитува нејзините ќерки Саша и Малиа.

Поранешната прва дама на САД откри дека нејзините родители отсекогаш ја охрабрувале да има мислење за работите и да бара решение за секоја ситуација, па токму тоа и таа го применува со нејзините ќерки.

mishel-obama-go-spodeli-najvazniot-roditelski-sovet-shto-go-dobila-i-go-primenuva-04.jpg

„Моите родители знаеја како да бидат успешни во улогата на родители и уште од најмлади години нè охрабруваа да имаме мислења и ставови и одвојуваа време за да ни ги ислушаат. Тие ни даваа до знаење дека нашите мислења, иако сме деца, значат. Исто така, нè охрабруваа да пронаоѓаме решенија.

Кога минувам низ мојот ден, често се запрашувам себеси: Дали го правам тоа што моите родители би очекувале да го направам?

mishel-obama-go-spodeli-najvazniot-roditelski-sovet-shto-go-dobila-i-go-primenuva-03.jpg

Во Белата Куќа имавме и батлери и помошнички, но мојата мајка им велеше да не ѝ ја допираат долната облека, дека може самата и таа ги научи моите ќерки како да перат. 

Таа се фокусира на тоа што е важно во животот. Знае само да седне до мене и да ме праша: Што мислиш што треба да сториш во врска со тоа?“

mishel-obama-go-spodeli-najvazniot-roditelski-sovet-shto-go-dobila-i-go-primenuva-02.jpg

Прочитајте и забави, бикини, момчиња: 14 фотографии од ќерките кои сигурно го изненадиле Барак Обама!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Најдобриот брачен совет: Пред да пробате со нова личност, пробајте уште еднаш со вашиот сопруг/а дом... „Од сопругот/та ви е преку глава и тогаш доаѓа некој кој е нов, внимателен, совр...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg