Како една мајка успеа да ги разлути родителите низ светот и стана мета на твитерџиите?
Строгиот став на Тониа околу исхраната на нејзините деца ги разлути твитерџиите.
Тониа Бакстон е автор на кулинарски книги, готвач и мајка на 4 деца, која со една изјава успеа да го разлути светот.
При гостувањето во една емисија таа дискутираше за својот строг став против шеќерот во нејзиното домаќинство и откри дека на своите деца не им дозволува да јадат ниту роденденски торти.
Шеќерот го спореди со кокаин и објасни дека никогаш нема да им дозволи на нејзините деца да јадат слатки и потоа да ги навлече и да бараат нова „доза“. „Бидејќи шеќерот има ист ефект на мозокот како кокаинот ќе направи децата да полудат, да трчаат наоколу и да бараат уште една и уште една доза слатки работи, па затоа подобро е воопшто да не им давате“, изјави таа.
Тониа смета дека децата не смеат да јадат ниту роденденски торти, а овој нејзин став ги разлути родителите ширум светот, кои ја осудија на Твитер оваа нејзина одлука.
„Токму тортата е дел од возбудата на децата кога одат на роденденски забави кај другарчињата, како смее тоа да им се одзема“, гласеше еден од твитовите на оваа тема, а другите се со ставот дека сè додека е умерено внесувањето на шеќер кај децата е во ред.
Но, имаше и такви кои сметаат дека децата и возрасните внесуваат премногу калории на дневно ниво и ако сакаме да се избориме со проблемот на дебелината мора да преземеме силни мерки, како Тониа.
Што мислите вие, дали забраната на Тониа е претерана или во ред? Дали би им приредиле такво нешто на своите деца?
https://twitter.com/miarry76/status/1010041773589188608
Oh for goodness sake everything in moderation and get them moving...
— Tara C (@tara_cowling) June 22, 2018
С. С. | Црнобело