4 важни работи за кои треба да разговарате со детето пред неговата 10-та година
Mожеби 10 години уште ви делуваат како многу малку за да имате сериозни разговори со вашите деца, но децата се многу напредни.
Посебно на мала возраст е важно да начнете теми кои ќе бидат особено значајни за нивниот развој.
Дел од темите за кои треба да разговарате со детето до 10-тата година:
Вредноста на парите
Уште на оваа возраст децата се свесни за тоа што и како може да се направи со пари. Затоа е особено важно да ги научите на вредноста на парите и како правилно да постапуваат со нив.
Давајќи им симболична сума на пари како месечен џепарлак може да им помогне да се научат на одговорност кога станува збор за парите.
Среќавањето со непријатни и лоши деца кои може психички и физички да ги малтретираат
Соучениците или децата од училиштето кои се неколку години постари, може да го малтретираат детето психички, а многу често и физички.
Децата многу често од срам одбиваат да зборуваат за овие теми. Затоа направете пријатна околина и на смирен начин дозволете им да ви кажат доколку се соочуваат со овој проблем.
Самодоверба
Оваа тема е важна за развојот на децата особено во овој период. Многу деца имаат недостаток на самодоверба која може да им влијаае во текот на целиот живот.
Училиштето и системот на оценување можат многу да влијаат на самодовербата, затоа треба да ги научите дека нивниот труд е секогаш поважен од самата оценка.
Љубовни врски и секс
Иако можеби сметате дека на 10 годишна возраст вашите деца се мали за да разговарате на оваа тема, но најверојатно веќе сте добиле некое непријатно прашање од вашето дете.
Денешната бомбардираност со информации преку интернет и телевизија може да придонесе вашето дете да добие погрешна претстава за сексот.
Затоа објаснете го процесот на правилен начин и ќе придонесете вашето дете да се развие во правилна и зрела личност, подготвена на предизвиците кои се пред него.
К. Д. | Црнобело