Жена дознала дека е бремена при операција за откривање зошто е неплодна
Понекогаш животот знае да изненади прекрасно, а таков е случајот и со Тиа Рид која мислела дека никогаш нема да има деца.
На Тиа Рид ѝ била дијагностицирана ендометриоза и таа мислела дека нема да може да има деца. Докторите биле зачудени кога ѝ ставиле анастезија и се подготвувале да изведат операција за да откријат која е точно причината што не може да забремени, а откриле дека е во 5-тата седмица од бременоста.
19-годишната Тиа со години имала болни менструални циклуси. Мислела дека е неплодна и дека не може да добие дете со нејзиниот 22-годишен партнер Лијам и покрај тоа што се обидувале.
Кога лежела на операционата сала за да почне процедурата, стигнале резултатите од тестот на урина, кој се прави пред операција, и така докторите откриле дека е бремена и дека воопшто нема потреба од каков било зафат.
Кога неколку часа подоцна поминало дејството на целосната анестезија Тиа се разбудила и се чудела зошто нема завои на стомакот, но ја дочекала прекрасна вест дека е бремена.
На 23-ти мај таа го родила Рони Џејмс и сега со својот партнер уживаат во улогата на родители. Иако, стравува од враќање на ендометриозата и повторната појава на болки, вели дека нејзиниот син ѝ е најголемиот благослов во животот.
Прочитајте уште една прекрасна реална приказна за трудница!
С. С. | Црнобело