Жена се породи и 5 часа подоцна присуствуваше на свадбата на сестра ѝ со бебето (фото)
Колку храброст и лудост е потребно за да се стори ова? Емили вели дека е момент што ќе го памети цел живот, иако во главата сè ѝ било матно на самиот ден.
На бремената Емили Шел (27) ѝ се јавиле породилни болки, 3 седмици пред терминот, додека престојувала во хотел со нејзината сестра Кејти пред нејзината свадба.
Таа итно била однесена во болница каде родила здраво момче во 7 часот и 10 минути. Наместо да се релаксира и да закрепнува по раѓањето на малиот Броди, Емили била решителна и сметала дека не смее да го пропушти големиот ден на сестра си и отишла на црковната церемонија заедно со сопругот Вејн и нивното новороденче.
На свадбената церемонија невестата и младоженецот дури и позирале со штотуку роденото внуче.
Инаку, Емили се породила по природен пат, без компликации. Штом пристигнале на местото каде се одржувала свадбата Емили го ставила Броди во количка и го облекла нејзиниот фустан на деверица.
Таа вели дека била навистина луда ситуација, но сепак ѝ е мило што Броди се родил токму на денот на свадбата на сестра ѝ. Сега, секоја година сестра ѝ и нејзиниот син ќе слават годишнина од брак и роденден на ист ден.
С. С. | Црнобело