Како да ги научите децата да се хранат правилно, без плачење и нервоза?
Да се натера детето да јаде нешто што е здраво, наместо тоа што го сака може да биде вистински предизвик.
Најлесно е да се откажете и да му дадете на детето благо или омилените грицки, кога не го прифаќа ручекот, но токму тоа не треба да го правите.
Важно е да бидете упорни, но и да користите методи со кои ќе го научите детето да јаде правилно.
Во продолжение, погледнете неколку корисни совети и применете некои од нив:
Јадете заедно со детето наместо да го оставите само
Соберете се сите на маса и дозволете му на детето да ги преземе од вас добрите навики за исхрана и правилно однесување на маса.
Не му забранувајте на детето да јаде благо или други производи кои сметате дека се нездрави
Тоа ќе го тера да сака уште повеќе и може да предизвика поголем проблем, со оглед на тоа што ќе се обидат да надокнадат кога ќе се дофатат до омиленото јадење.
Дајте им да пробаат, но објаснете им дека не се добри и дека треба да ги внесуваат многу малку и поретко.
Не му давајте големи порции
Слушајте кога детето ќе ви каже дека веќе не му се јаде бидејќи и децата знаат да препознаат кога се најадени. Ако со сила го храните детето, многу набрзо може да му се ствоти одбивност за здравата храна и за седење на маса воопшто.
Ставете им јадење во помала порција која прво сами ќе ја изедат, а ако сакаат уште, можат секогаш да си дополнат.
Новите јадења понудете ги најмалку 10 пати
Малку по малку редовно нудете им на децата нови јадења и со тек на време ќе ја засакаат секоја храна.
Но, кога им нудите некое ново јадење, нормално е прво да го одбијат, а тоа не значи да се откажете, туку да се обидете ако треба 10-15 пати.
Не им давајте благо како награда
Ако ги наградувате децата со чоколадо секој пат кога ќе изедат карфиол, тие ќе почнат да ги гледаат корисните производи како нешто неубаво кое ќе сакаат да го избегнуваат или ќе го прифаќаат само ако за тоа добијат награда.
Подобро е да му дадете чинија полна со овошје, а кога детето ќе се навикне на тоа, секогаш ќе преферира портокал, бобинки или банана наместо ред чоколадо.
Охрабрувајте го детето да практикува физичка активност
Ако детето не се храни доволно и правилно, охрабрете го да почне со физички активности на отворено. Секое движење го подобрува апетитот, а спречува прекумерно дебелеење.
По играњето игри или спорт, детето ќе се врати гладно, па веројатно ќе го јаде и неомиленото јадење.
Учете ги децата да јадат само на маса
Избегнувајте да ги учите децата да јадат пред телевизор или додека си играат и научете ги да јадат со прибор и во чинија, седејќи на столче потпрени на маса.
Така детето ќе биде фокусирано на јадењето и нема да сака да седне на маса за да грицка, па целосно ќе ги избегне таквите ужинки.
М. М. | Црнобело