Трикови кои ќе им го олеснат животот на сите родители во различни ситуации
Родителите, посебно младите, во многу ситуации ги користат социјалните мрежи за да најдат совети.
И, додека мислите дека Facebook и Instagram се само бескорисни социјални мрежи за објавување селфи фотки, сепак имаат и своја предност.
Родителите можат да најдат многу трикови кои ќе им помогнат во различни ситуации со нивните деца.
Како да ги смират кога се на лекар, како да ги натераат да не јадат нездрава храна, или како да ги „искористат“ децата на позитивен начин.
Некој од следниве трикови сигурно ќе ви се најде некогаш:
1. Лубеницата сечете ја на стапчиња за децата полесно да можат да ја јадат.
2. Дајте му на детето да црта на хартија за трпеливо да го дочека докторот и да помине без плачки.
3. Слатките кои не сакате децата да ги јадат, скријте ги во празно пакетче со здрава храна – сигурно нема да посегнат.
4. Одржувајте се во форма така што во „plank“ позиција ќе му читате приказна на детето.
https://www.instagram.com/p/BFQ_VxaAnU7/?utm_source=ig_embed
5. Ако сте изгубиле низ дома некои важни предмети, дајте му на детето мисија да ги пронајде – вие ќе ги добиете потребните предмети, а детето ќе има занимација и ќе остане мирно.
6. Сунѓерите за во вода може да ви користат и како заштита од острите страни на масичките.
7. Малечките чорапи на детето секогаш ставајте ги во торбичка при перењето за никогаш да не ви се губат.