Можеби Бог сака да ви каже дека не треба да бидете родители: 7 вистини за неплодноста во кои не треба да веруваме

Со неплодност се соочуваат само парови коишто никогаш немале деца. Вистина или мит? Над 6 милиони деца во светот се родени со помош на ин-витро процедурата, односно вонтелесно оплодување.

7-vistini-za-neplodnosta-vo-koi-ne-treba-da-veruvame-01.jpg

Со напредокот на медицината и соодветното лекување и терапија, огромен процент на луѓе кои се борат со неплодност имаат шанса да станат родители. 

Сепак, сè уште се бориме со многу митови во врска со забременувањето и станувањето родител.

Прочитајте кои се најчестите митови во кои не смееме да веруваме повеќе:

Мит 1: Сите околу мене забременуваат без никаков проблем.

Факт: На светско ниво, процентот на двојки кои се соочуваат со неплодност изнесува меѓу 13 до 15%. Иако во Република Македонија нема официјални податоци, според проценката на гинеколозите, од вкупниот број брачни двојки, меѓу 10 и 15% се соочуваат со ваков проблем, а околу 15% имаат помалку деца од очекуваното.

Мит 2: Можеби вие двајцата правите нешто погрешно.

Факт: Неплодноста не е никакво сексуално растројство и главно нема никаква врска со начинот на кој имате незаштитен сексуален однос.

Мит 3: Неплодноста ги погодува само оние парови кои никогаш немале дете.

Факт: Ова воопшто не е вистина. Секундарната неплодност е многу почест случај, за разлика од примарната.

Мит 4: Доколку посвоите бебе, полесно ќе забремените.

Факт: Поголемиот број на парови кои се борат со неплодност веројатно го слушнале овој совет во некоја прилика од страна на роднините или пријателите.

Но, истражувањата покажуваат дека стапката на зачнување по посвојувањето бебе е еднаква за двојките што посвоиле како и кај оние кои не го направиле тоа (околу 5%).

Сепак, почесто се прераскажуваат приказни за оние парови кои имале успешна бременост по посвојување на дете, па ова доаѓа како некое „непишано правило“.

Мит 5: Партнерот ќе ме остави доколку не можеме да имаме дете.

Факт: Повторно, го повторуваме фактот дека неплодноста не е само проблем на жените во брак.

Стабилноста во врската/бракот зависи повеќе од тоа колку секој партнер инвестира во себеси и другиот, во меѓусебните односи, односно како се усогласени желбите, потребите и очекувањата, а помалку од тоа дали ќе имате или ќе немате деца.

Решавањето на проблемите со неплодноста може да биде физички, емоционално и честопати финансиски тешко, а можеби нема да имате и доволно време и сила за други животни и работни одговорности, што ќе ве натера да се чувствувате напнато и вознемирено.

Затоа е важно да побарате помош од партнерот или лице кое ќе ви даде стручен совет или поддршка. Заедничкото справување со проблемот на неплодноста може да стане уште една можност за зајакнување на партнерските односи, бидејќи се обидувате да постигнете заедничка цел со заедничките сили.

Мит 6: Можеби Бог сака да ви каже дека не ви е судено да бидете родители

Факт: Ваквите изјави кои им се упатуваат на неплодни двојки се бесмислени, безобразни и имаат цел само да ги обесхрабрат или уплашат, затоа што одредени луѓе претпоставуваат дека гореспоменатите двојки го заслужиле ова со своите постапки.

Од многубројните примери, докажано е дека неплодноста е присутна и признаена од Светската здравствена организација, но истата соодветно се лекува, што значи дека не е ексклузивна Божја волја.

Исто како што одите на лекар и барате помош доколку имате скршена нога или проблеми со жолчката, на пример, и за неплодност може да побарате соодветна медицинска помош.

Мит 7: Проблемот е во твојата глава, ако се опуштиш и не мислиш на тоа – ќе забремениш

Факт: Точно е дека премногу стрес може да го наруши балансот на хормоните и да го наруши менструален циклус, но ова тврдење го става целиот акцент на неплодност на сметка на жената.

Факт е дека во 1/3 од случаите, неплодноста е предизвикана од машки фактор.

Во околу 17% од случаите, неплодноста е предизвикана од комбиниран фактор, што значи дека некои од тешкотиите се присутни кај двата партнера.

Во околу 19% од случаите станува збор за т.н. идиопатска неплодност, каде што не може да се пронајде причината за незабременување.

Факт е дека самата неплодност предизвикува стрес и анксиозност, па немојте да се оптоварувате со тоа „целосно опуштање“, бидејќи е практично невозможно, бидејќи на крајот од денот сме луѓе, а не роботи кои може да се исклучат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg