Особини на токсичните родители кои несвесно им го уништуваат животот на децата
Психолозите и специјалистите за детско однесување може да помогнат во воспитувањето со тоа што ја познаваат разликата помеѓу неблагодарно дете и дете кое е жртва на токсично влијание.
Однесувањето и делата на родителите може значително да му наштетат на детето, со што ќе остават засекогаш траги.
Секако, воспитувањето деца е тешка задача и не треба да се осудува, но добро е да се помогне, за секој родител да знае дали греши и каде.
Во продолжение, погледнете како изгледа однесувањето на токсичните родители кои влијаат на психата на децата:
Плаши се од мене, но сакај ме
Во токсично семејство, децата знаат кога родителите им се нерасположени само по звукот на оставање клучеви или по начинот на чекорење.
Овие деца живеат во постојан страв, а родителите се навредуваат ако нивното однесување се третира со сомнеж.
Во таков случај на децата им велат „Јас правам сè за тебе, а ти така неблагодарно ми враќаш.“
Мора да се справуваш со проблеми за возрасни, ама немаш права!
Во токсичните семејства, родителите сакаат да ги споделуваат обврските со децата, да им пренесуваат проблеми и да ги соочуваат со нив.
Децата се приморани да ги слушаат проблемите на родителите, да се приспособуваат на комплицираните ситуации и да се ставаат на место на родителите, но за жал, немаат право да го искажат своето мислење, ниту пак се сметаат за возрасни кога сами треба да донесат одлука за себе.
Биди најдобар ама не заборавај дека не си нешто посебно
Нарцисистичките родители сакаат децата да бидат на највисоко ниво, но кога ќе постигнат достигнување не знаат да ги пофалат за тоа, туку можат да им ги срушат соништата, така што се гледаат како разочарување за родителите.
Отвори ми се ама не се чуди ако те исмевам
Овие родители ги тераат децата да бидат искрени со нив и понекогаш дури прават да се чувствуваат виновно бидејќи не ги споделуваат нивните чувства.
Подоцна, таа информација ја злоупотребуваат против детето на 2 начини:
- Соседите, роднините и пријателите се веќе запознаени со ситуацијата на детето, а родителите не гледаат ништо лошо во тоа .
- Детето им дава можност на родителите да му се посмеваат, да даваат саркастични коментари и да го злоупотребуваат тоа што го знаат во други ситуации за своја корист.
Не си добар/а па не се обидувај да станеш нешто подобро
Колку е помала самодовербата на детето, толку е полесно истото да се контролира. Токсичните родители коментираат многу често за изгледот на детето бидејќи тоа е најранлива тема.
А, ако детето нема очигледни недостатоци, ќе ги измислат, или ќе се поистоветат со сопствените така што му набиваат комплекси.
Следи ги моите инструкции ама не ме обвинувај ако не успееш
Во овој случај, родителите ги третираат децата како објект – прават планови за нив и очекуваат децата да ги следат целосно. Но, не се грижат за последиците и ако нешто тргне наопаку, не се обвинуваат самите себеси.
Прифатете ја нашата помош ама не нè искористувајте
Овој тип на родители се оние кои им се наметнуваат на децата и им нудат нешто без што тие всушност можат, но не прифаќаат одбивање.
Тогаш, децата помислуваат дека не треба да ги одбијат за да не се навредат, па ја прифаќаат помошта и нудат нешто за возврат.
Но, во ваквите ситуации нема среќен крај бидејќи родителите секогаш ќе ги потсетуваат на „услугата“ која им ја направиле.
Децата се претвораат во затвореници на два начини:
- Ако ја одбијат помошта – децата мислат дека е некултурно да се одбие близок кога нуди помош
- Ако ја прифатат помошта (иако не им е неопходна) – ќе им бидат вечни должници и мора да „живеат за нив“
М. М. | Црнобело