„Тортура“ за која родителите плаќаат - Масерка лекува бебиња држејќи ги само за глава
Дали би дозволиле вашето бебе да биде подложено на ваков ризичен третман?
Првото правило кога имате работа со мало бебе е да бидете нежни со него и да му обезбедувате потпора на главата.
Но, Larissa Orynbasarvna е масерка од Казахстан која има сосема поинаков пристап. Таа веќе 11 години има сертификат за масер и користи неконвенционален метод на лечење на децата со некакви неправилности во развојот.
Тие висат додека таа ги држи за рацете, нозете, главата и тврди дека на овој начин им помага. Третманот изгледа бизарно и болно, но тврди дека има ефект. „Масажата“ трае 15 минути и изгледа многу небезбедно.
Докторите велат дека масажата е добра за воспоставување врска со вашето бебе, но дека тоа треба да се прави сосема нежно и ритмично. Како дел од рутината треба нежно да ги размрдувате прстите и зглобовите на вашето бебе додека тивко му потпевнувате за да му дадете чувство на смиреност и безбедност.
Сосема спротивни од ризичниот третман на Larissa:
https://www.youtube.com/watch?v=i7OusF6GgHQ
С. С. | Црнобело