9 нешта на кои ме научи мојата силна мајка

Една од најважните врски кои ги остваруваме во животот како жени е секако онаа која ја имаме со својата мајка.

9-nesta-na-koi--me-nauci-mojata-silna-majka-01.jpg

Мајка, најдобра пријателка и сојузник, полна со неизмерна поддршка и љубов, некоја која може да ги замени скоро сите во животот, но апсолутно никој не може да ја замени неа.

Една е мајка, а ова се деветте нешта на кои може да ве научи само една силна мајка полна со љубов:

Биди независна и погрижи се прво за себе

Не ви треба маж за да ве спаси или некој кој ќе се грижи за вас. Бидејќи тоа го можете вие самите. За да се грижите за други, прво треба да умеете да се погрижите за себе. А таа е одличен пример за тоа како се води грижата за домот, семејството додека гради успешна кариера.

Таа е супер-жена и доколку го следите нејзиниот пример и вие ќе станете таква.

Љубовта кон децата е бескрајна

Таа го жртвуваше своето време, здравје и младост за вас и вашите браќа и сестри. Сепак, ниту еднаш не се пожали и не покажа дека страда.

Со насмевка на лицето, таа упорно се вложува и дава сè од себе за уште поголема насмевка на вашето лице.

Од неа научивте како да се биде несебичен и како изгледа безусловната љубов. Добро знаете дека таква љубов и поддршка нема да пронајдете никаде на друго место.

Сакај се себеси

Кога делувате самодеструктивно, таа е тука да ви даде совет. Кога немате сили да продолжите понатаму, таа е тука да ве мотивира и охрабри.

Мајката е онаа која ви ја враќа вербата и надежта во себе, дури и тогаш кога вие самите сте ја изгубиле.

Покрај неа учите дека лошите дечковци, оценки или одлуки не ве дефинираат како личност. Она што ве оформува е способноста да се искачите нагоре и повторно да се борите за она што го сакате во животот, благодарение на неа и нејзината поддршка.

Биди строга и нежна истовремено

Строгите мајки се вообичаено и најмногу сензитивни. Тие само успеваат тоа да го скријат подобро. Таа е онаа која останува цела ноќ будна и се грижи за вас додека сте болни. Таа е онаа која одвај ги задржува солзите додека силно ве гушка.

Мајката е најсилната и најкршливата личност истовремено.

Знај дека не е лесно да се биде жена

Од неа сте научиле дека понекогаш вашето мислење нема да биде прифатено или дочекано со ентузијазам. Дека неретко нема да бидете сфатени сериозно, но истовремено мора да се изборите за своето место под сонцето, бидејќи никој нема да ви даде ништо сервирано на тацна, особено ако сте жена.

Мајката ќе ве научи дека она што не те убива, те прави само посилна.

Никогаш не гледај назад

„Што ќе се случеше доколку постапев поинаку?“ Понекогаш сме преоптоварени со прашањата од типот „Што ќе беше ако беше…?“, но силните мајки нè учат дека нема потреба да се живее во минатото, со товар на рамениците и каење во умот.

Од нив учиме да грабиме понатаму и никогаш да не се завртиме назад, бидејќи е целосно изгубено време.

Трпение-спасение

Силната мајка е неверојатно трпелива. Таа знае дека секогаш по дождот иде сонце, дека бурата ќе помине и дека секогаш има нов ден кој се нарекува утре. Од неа учиме да бидеме трпеливи, да се усогласиме со времето и да имаме верба дека за секој проблем постои решение.

Ти си креатор на сопствената среќа

Може да пронајдете среќа дури и во најкритичните моменти од вашиот живот. Дури и кога мислите дека сте го допреле дното, кога светот ви тежи на раменици, кога одбивате да се борите… секогаш може (и треба) да се најде причина за насмевка.

Потребно е само да погледнете поблиску и со отворено срце, тоа е советот на силните мајки.

Ќе бидеш подобра мајка од мене

Често пати се прашуваме – Дали ќе бидам доволно добра мајка?

Доколку вашата мајка била онаа од силните, ви покажала што значи да се грижиш за себе но и за своето семејство, мајка која ви потврдила дека напорната работа секогаш се исплатува на крајот, душа која ве сака бесконечно и безусловно, бидете сигурни дека и вие ќе бидете поеднакво добра, ако не и подобра мајка од неа.

Силната мајка ви покажала како е да се биде заштитнички настроен кон оние кои ги сакате, полна со емпатија и разбирање, силна и борбена.

Таа е вистински пример и идол за децата и можеби сè уште не сте свесни, но веројатно веќе ги следите нејзините чекори, макар еден по еден, полека но сигурно.

Затоа, гушнете ја вашата мајка уште денес. За сè што ви дала и сè што ви овозможила во животот. Гушнете ја и кажете ѝ дека ја сакате, додека сè уште има време.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg