Постојат 5 типови на родители: Какви сте вие и каде грешите?

Дали детето ви е центар на светот или со него и неговите потреби не се оптоварувате премногу? Кој е вашиот начин на воспитување?

postojat-5-tipovi-na-roditeli-kakvi-ste-vie-i-kade-greshite-01.jpg

Набљудувањето на родителите сигурно секогаш прави да се воодушевувате на нечија посветеност, да се згрозувате од нечија незаинтересираност и да се ежите од нечија контролирачка поставеност кон децата.

Сите родители имаат свој начин на воспитување на децата, но тие може да се групираат во 5 категории.

Каков тип на родител сте вие?

Преамбициозни

Детето на успешните родители мора да ја задоволи нивната идеја за суперчовек. Тие никогаш не седат мирни и не уживаат во животот 100%. Беа на Тајланд неодамна, а сега организираат планинарење на Алпите.

Нивните искуства со задоволство ќе ви ги пренесат и тоа во долги, долги монолози, затоа што тие знаат најдобро.

Совет:

Ако сте вакви родители, мора да направите места за малите задоволства во животот на вашето дете. Не смее тоа да заспива на компјутерот, преморено од трката да ги исполни вашите очекувања.

Дозволете си малку полежерен тек на работите и ќе сфатите колку е убав животот.

postojat-5-tipovi-na-roditeli-kakvi-ste-vie-i-kade-greshite-02.jpg

Домаќини

Тие сакаат сè што е поврзано со природата и ја ценат неа и чистотата. Купуваат кревети направени само од природни материјали и со часови ги читаат етикетите на продуктите во маркетот пред да купат нешто.

Консумираат само производи од органско потекло и нивното дете носи најздрава ужинка на училиште.

Совет:

Супер е да знаете како да исчистите дамка од мајонез и да направите највкусна домашна пита, но тоа не значи дека треба да ги игнорирате модерните технологии, кои ви го олеснуваат животот.

Не обвинувајте се себеси дека денес наместо да месите леб, купивте од продавница, и си дадовте час, два слободно време за да читате книга.

postojat-5-tipovi-na-roditeli-kakvi-ste-vie-i-kade-greshite-03.jpg

Децата им се центар на светот

Тие имаат силна врска со детето и целиот живот им е посветен на неговото воспитување. Не се обидувајте со нив да разговарате за последните светски случувања или за мода на пример, освен ако таа не е детска.

Овој тип на родители постојано зборуваат за децата и дури го запоставуваат својот партнер за сметка на децата.

Совет:

Убаво е да сте поврзани со детето и тоа да се чувствува заштитено и навистина детето треба да му биде најважно на родителот, но не треба да му биде единствено важно нешто во животот.

Одвојте време за сопругот/сопругата и за работите за кои чувствувате страст, без разлика дали тоа е вашата кариера, патувања или некое хоби.

postojat-5-tipovi-na-roditeli-kakvi-ste-vie-i-kade-greshite-04.jpg

Не се оптоваруваат со децата

Тие не се оптоваруваат дали нивните деца се најадени и топло облечени. Сметаат дека ако детето е гладно, ќе си земе да јаде, а ако му е студено, ќе дојде дома по јакна. За специјални пригоди не ги дотеруваат децата нешто посебно.

Најчесто нивните деца израснуваат во луѓе кои се самостојни и знаат да се справат со животните тешкотии, а и самите тие стануваат родители какви што биле нивните родители.

Совет:

Ова однесување може да биде резултат на неодговорност, но и на период со стрес, анксиозност и умор. Најдобро е да се обратите кај вашите блиски или кај психолог за разговор.

Отворено кажете им како се чувствувате и побарајте совет како да се справите со ситуацијата. На вашите деца им е потребна нега и внимание.

postojat-5-tipovi-na-roditeli-kakvi-ste-vie-i-kade-greshite-05.jpg

Наметливи родители

Тие постојано го учат и контролираат детето. Учествуваат во апсолутно секоја негова активност, па дури и извршуваат обврски наместо своето дете.

Постојано му наоѓаат замерки за начинот на кој г направило работите и му кажуваат дека нивниот начин е подобар и дека треба да го прифати.

Совет:

Анализирајте дали помислувате: „Јас ќе го направам тоа за него само затоа што ќе го направам подобро“. Ако е така, ова не е начинот, вака вашето дете нема да израсне во способна и самостојна индивидуа.

Наместо тоа запишете го на дополнителни часови по одреден предмет и оставете го да учи од своите грешки. Престанете да го водите, дозволете му да почувствува дека самото го наоѓа својот пат.

postojat-5-tipovi-na-roditeli-kakvi-ste-vie-i-kade-greshite-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg