Татко на мало девојче споделува 20 едноставни, но важни вистини за воспитувањето ќерка

Татковците кои си ја сфаќаат сериозно родителската улога и се целосно посветени на своите деца, се дефинитивно миленици на сите.

tatko-na-malo-devojche-spodeluva-20-ednostavni-no-vazhni-vistini-za-vospituvanjeto-deca-01.jpg

Michael Mitchell има мала ќерка, а на неговиот блог кој се вика Life to Her Years, тој постојано ги споделува сите негови совети.

Таткото  го претворил начинот на воспитување во животна филозофија и со тоа инспирира многу луѓе насекаде низ светот.

tatko-na-malo-devojche-spodeluva-20-ednostavni-no-vazhni-vistini-za-vospituvanjeto-deca-003.jpg

Погледнете дел од најдобрите совети за одгледување ќерка кои тој ги споделува:

1. Дозволете и да „јава“ на вашите рамена. Навистина е магично.

2. Бидете нејзиниот херој. Потребна ѝ е вашата поддршка постојано, низ цел живот. 

tatko-na-malo-devojche-spodeluva-20-ednostavni-no-vazhni-vistini-za-vospituvanjeto-deca-002.jpg

3. Кажувајте ѝ колку е убава. И повторувајте го тоа цело време.

4. Уживајте во секој момент поминат со неа. Денес носи пелени, утре ќе ви побара клуч од автомобилот и пред да забележите, веќе ќе почне да го освојува светот.

tatko-na-malo-devojche-spodeluva-20-ednostavni-no-vazhni-vistini-za-vospituvanjeto-deca-02.jpg

5. Носете ја со вас на риболов. 

6. Прегрнете ја. Нема ништо подобро за мало расплакано девојче од прегратката на тато.

7. Секогаш бидете со неа и покрај неа. Не ви е потребна силна причина за да бидете со неа. 

tatko-na-malo-devojche-spodeluva-20-ednostavni-no-vazhni-vistini-za-vospituvanjeto-deca-04.jpg

8. Еден ден ќе сака да има куче. Не размислувајте. Кажете да.

9. Таа е исто толку талентирана како и секое момче. Охрабрете ја.

10. Да, изгледате смешно кога си играте со неа. Но сепак го правите тоа бидејќи ѝ е потребно.

tatko-na-malo-devojche-spodeluva-20-ednostavni-no-vazhni-vistini-za-vospituvanjeto-deca-03.jpg

11. Таа секогаш ќе ве чека да се вратите дома. Не доцнете.

12. Дозволете ѝ да го држи воланот. Секогаш ќе помни дека тато ѝ дозволил да „вози“.

13. Никогаш не ги пропуштајте нејзините родендени. По 10 години, таа нема да помни што сте ѝ подариле. Но ќе знае ако не сте биле присутни.

14. Нејзината интелигенција ќе и помогне многу повеќе од убавината при постигнувањето цели. Дајте ѝ го тоа до знаење.

tatko-na-malo-devojche-spodeluva-20-ednostavni-no-vazhni-vistini-za-vospituvanjeto-deca-07.jpg

15. Верувајте ѝ. Кога ќе порасне, дајте ѝ повеќе слобода. Таа ќе ги надмине вашите очекувања.

16. Запомнете дека таа е пеперутка која еден ден ќе одлета. Уживајте во годините додека е со вас.

17. Не се грижете за новогодишните подароци. Дајте ѝ моменти кои заеднички ќе ги споделите.

tatko-na-malo-devojche-spodeluva-20-ednostavni-no-vazhni-vistini-za-vospituvanjeto-deca-06.jpg

18. Однесете ја на кампување. Покажете ѝ го тој голем свет. Погледнете во нејзините изненадени очи кога ќе ја доживее убавината за првпат.

19. Таа веројатно ќе исползи до вашиот кревет по лош сон. Ова е добра работа.

20. Татковството е вашата најголема должност. Вашиот омилен тим, кариерата, телевизија и хобито ќе исчезнат. Но ќерка ви ќе порасне и ќе влезе во нејзиниот сопствен живот. Таа ви е приоритет.

tatko-na-malo-devojche-spodeluva-20-ednostavni-no-vazhni-vistini-za-vospituvanjeto-deca-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg