Сами се грижат за децата: Славни мажи кои се самохрани татковци
Родителството претставува една од најблагородните работи во животот. Меѓутоа, истовремено е и мошне тешка одговорност. А, кога згора на сѐ ја извршувате сами, тогаш предизвиците се уште поголеми. Како со нив се справуваат познатите фаци?
Воспитувањето и раснењето на децата како самостоен родител не е ни малку лесно. Многумина претпоставуваат дека исклучиво жените може да излезат на крај со обврските. Сепак, постојат и мноштво припадници на посилниот пол, кои апсолутно воодушевуваат како самохрани татковци.
Ова се однесува и на популарните мажи. Освен што се соочени со задачата да балансираат помеѓу семејниот живот и работата, нивните деца раснат пред будното око на јавноста, па потребна им е и дополнителна грижа и заштита.
Едни станаа самохрани татковци по сопствен избор. Другите ги принуди личната трагедија. Третите, пак, водеа судска битка за старателство со мајките. Независно од околностите, сите се трудат да бидат најдобрите родители на светот.
Ова се десет славни мажи што се најдоа во улога на самохрани таткоци, како и причините поради кои е така:
1. Лијам Нисон
Популарниот холивудски актер стана самохран родител во катастрофални околности. Сопругата Наташа, со која глумецот беше петнаесет години заедно, загина во скијачка несреќа пред скоро една деценија. Нисон беше препуштен сам да ги расне двајцата синови, Даниел и Мајкл, кои во тоа време имаа 12 и 13 години.
Тие ја загубија мајка си во периодот на адолесценијата, па беа исклучително ранливи. По трагедијата, семејството се соочи со тешки моменти и кризи, за кои и самиот Лијам говореше во неколку прилики, нарекувајќи ги: „длабоки чувства на нестабилност“.
Наспроти неприликите, тој даде сѐ од себе да ги изведе неговите момчиња на правиот пат. „Ако Таша беше овде, ќе имав со кого да ја споделам грижата за децата. Но, добро ни оди.“, вели Нисон.
2. Рики Мартин
Латино изведувачот е татко на близнаци – Валентино и Матео. Нив ги роди сурогат мајка во 2008 година. Рики Мартин подоцна ги посвои, а оттогаш се грижи за нив како самохран родител. Пејачот не го напушти лудиот начин на живот што го води како музичар, па и понатаму патува и одржува концерти. Меѓутоа, не дозволи ова да му биде пречка за да поминува време со своите деца. Тој ги води каде и да оди со него.
„Не ми оди работата без нив. Постојано се со мене. Но, за среќа, моите синови се вистински борци. Тие се родени на турнеја и не знаат за ништо друго. Јас сум нивната стабилност. Нестабилни се кога ме нема.“, изјави Мартин.
3. Ашер
Во 2012 година, пејачот Ашер водеше судска битка со поранешната сопруга околу старателството над двете деца. После разводот во 2008 година, обајцата им беа костаратели. Меѓутоа, кога еден од синовите за малку ќе се удавеше, бившата го даде музичарот на суд. Тврдеше дека пејачот е отсустен татко, а тој ѝ возврати со контра-аргументи, наведувајќи дека не е способна да се поврзе со децата.
Судот пресуди во корист на Ашер, доделувајќи му целосно старателство. Во својата изјава истакна: „Јас ни малку не сум отсутен татко. Роден сум да го правам ова што го правам како татко. Штом ги добив нив, тие станаа мојот приоритет.“
4. Кристијано Роналдо
Во 2010 година, португалскиот фудбалер го изненади светот, објавувајќи дека го очекува раѓањето на неговиот прв син. Во таа прилика, Кристијано Роналдо најави и дека самиот ќе си го гледа наследникот, без никаква помош од мајката на детето. Она што беше уште пошокантно е информацијата дека таа жена е наводно американка, која спортистот ја платил да му биде сурогат мајка, а чиј идентитет сака да остане тајна.
Во однос на родителството, пак, Роналдо има кажано: „Да се биде татко е навистина посебно лично патување. Нешто кое комплетно ме промени. Ме научи работи за љубовта, кои дотогаш не ни знаев дека постојат.“
5. Принцот Чарлс
По трагичната смрт на принцезата Дијана во 1997 година, нејзинот поранешен сопруг беше принуден да ја преземе сета одговорност за двата сина. Принцевите Вилијам и Хари беа тинејџери во тој период. За да ги заштити, татко им донесе одлука да ги отсели момчињата од Бакингемската палата во Лондон, а да ги всели во Виндзорскиот дворец во Хајгрув.
Ваквиот потег беше мошне контроверзен во тогашно време, затоа што членовите на кралското семејсто отсекогаш живееле и посетувале училиште во Лондон. Меѓутоа, принцот Чарлс го направи ова за своите деца, како би ги скрил од медиумската врева додека тажат, но и за да им даде шанса да имаат нормално воспитување. Години подоцна, се покажа дека бил сосема во право.