9 лекции од Кејт Мидлтон: Како да бидете добар родител?

Наспроти кралските должности што ги извршува, војвотката од Кембриџ е модерна и грижлива мајка. Сопругата на принцот Вилијам им е максимално посветена на синот и ќерќата. Што може да се научи од неа?

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-1.png

Омилената кралска двојка го очекува раѓањето на третото дете. Досега се покажаа навистина добро во улогата на млади родители, па нема сомнеж дека и во иднина ќе биде така.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-2.jpg

Низ јавните настапи, додека за рака ги водеа малечките Џорџ и Шарлот, тие ни открија повеќе клучни детали околу начинот на кој ги раснат и воспитуваат своите наследници. Особено Кејт Мидлтон.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-3.jpeg

Ова се деветте лекции за родителството што може да ги научите од сопругата на принцот Вилијам:

1. Родителот нема замена.

Иако е сосема нормално за принцот и принцезата да имаат мноштво дадилки, Кејт Мидлтон беше одлучна да не се потпира на другите. Инсистираше со сопругот самостојно да се грижат за децата. Па, таа и принцот Вилијам настојуваат да поминат што повеќе време со нив, независно од задолженијата.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-4.jpg

2. Поставете јасна граница помеѓу приватниот и професионалниот живот.

Војвотката го почитува кралскиот протокол, ама и нејзината улога како мајка ѝ е подеднакво важна. Таа не прави компромиси на сметка на семејството.

По породувањето, наместо службен возач, лично принцот Вилијам ја одведе дома. Божиќната вечер ја поминаа со родителите на Кејт Мидлтон, а не со кралицата. Дури имаше и забава за дарување на бебето при крајот од бременоста, што е популарно и вообичаено во западната култура.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-5.jpg

3. Негувајте го брачниот однос.

Без оглед на кралските и семејните обврски, Кејт и Вилијам не ја запоставуваат ни нивната љубовна врска. Тие сакаат да појдат и сами на разни друштвени случувања, коишто не се од формален карактер. Така, папарaците имаа прилика да ги „уловат“ на вечера во локален паб, или, пак, додека следеа кошаркарски натпревар.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-6.jpg

4. Искористете го слободното време за заеднички активности.

При посетата на Норвешка, малиот принц Џорџ веќе ги имаше првите часови по скијање со родителите. Заедничките хобија во слободното време, претставуваат особено важни за здрави семејни односи.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-7.jpg

5. Кога не сте сигурни, побарајте совет.

Доколку се сомнева во нешто, или, пак, несигурна е околу одгледувањето на децата, Мидлтон мошне често ѝ се обраќа на мајка си Карол да ја посоветува или ѝ помогне.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-8.jpg

6. Поминете време само со едното дете.

Како би го спречила ривалството помеѓу братот и сестрата, Кејт Мидлтон се труди да му посвети и посебно време на секое дете поединечно.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-9.jpg

7. Не плашете се да ги дисциплинирате децата.

На минатогодишната венчавка кај сестра ѝ Пипа Мидлтон, војвотката ги прекори Џорџ и Шарлот, покажувајќи им како треба да се однесуваат. Невозможно е секогаш да бидете забавен родител.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-10.jpg

8. Споделете ја својата среќа со другите.

Војвотката од Кембриџ ги демонстрираше и фотографските вештини, споделувајќи слики од првиот ден на Шарлот во градинка. Моменти што таа сама ги овековечи со камера. На овој начин, Мидлтон покажа дека не е оптоварена со титулата, како и дека контролира кога ќе се објавуваат среќните фамилијарни мигови.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-11.jpg

9. Заштитете ги вашите деца.

Кејт и Вилијам направија сѐ за да го заштитат своето семејство, како и приватноста на децата. Нивната порака до родителите е да ги објавуваат фотографиите што тие сакаат, но секогаш да водат сметка децата да им бидат сигурни и безбедни.

9-lekcii-od-kejt-midlton-kako-da-bidete-dobar-roditel-12.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg