Една мајка открива за што сè ја обвинува околината дека е лош родител
Сиа вели дека обожава да вежба и да внимава на својот изглед, но тоа дефинитивно не ја прави лоша мајка како што некои луѓе сакаат да ја прикажат.
Сиа Купер е фитнес блогерка од Флорида и мајка на две дечиња. Таа вели дека секој пат кога ќе прикачи фотографија на Инстаграм добива по некое обвинување дека е лоша мајка.
Сиа јавно се пожали за што сè била обвинета досега, а веруваме дека и многу други мајки ќе се пронајдат во нејзината мака.
Ме викаа лоша мајка затоа што:
- „Одвојувам време за вежбање.“
- „Користам конзервирани кашички понекогаш.“
- „Имам тетоважи и пирс.“
- „Уживам во чаша вино од време навреме.“
- „Им дозволувам на моите деца да користат технологија.“
- „Им давам на моите деца понекогаш да јадат чоколади и колачиња.“
- „Затоа што спијам со моите деца.“
- „Затоа што понекогаш си одвојувам време само за себе.“
Таа открива дека оваа листа ја направила откако се почувствувала комплетно исцрпено поради постојаните негативни коментари кои ги добивала. Мајки и жени кои не се мајки ја осудувале за секоја одлука како родител што ќе ја донела.
Сиа порачува дека не постои правилник како треба да се биде родител, односно мајка во случајов. „Сите ја имаме истата трка пред себе и го даваме максимумот“, вели таа.
Во голема мерка ситуацијата е слична и кај нас, една ја осудуваат дека имала дете, а шетала сама, друга дека не го хранела бебето правилно, трета дека прекинала прерано со доењето.
Кажете ни вие некое искуство, со какви осуди се соочуваат македонските мајки?
Прочитајте ги и сите жалби и поплаки на една типична балканска мајка!
С. С. | Црнобело