13 мали работи кои ќе се променат кога ќе станете мајка

Ќе плачете повеќе од кога било, вашиот партнер ќе го чувствувате уште поблизок и ќе станете решителна личност која носи одлуки во моментот.

13-mali-raboti-koi-kje-se-promenat-koga-kje-stanete-majka-01.jpg

Кога ќе го добиете вашето прво дете, вашиот живот драстично ќе се промени. Во некои сегменти на полошо, но во најголем дел на подобро.

Мали работи кои ќе се променат кога ќе станете мајка:

- Ќе чувствувате помалку вина од порано кога ќе прескокнете пилатес час и ќе се појавите на работа со несредени нокти.

- Мајчинството ќе ги изостри вашите сетила.

- Ќе станете супер одлучна личност најмногу затоа што нема да имате време за да размислувате многу и ќе мора веднаш да го направите изборот.

- Опциите за многу работи ќе ви бидат намалени, но тоа некако потајно ќе ви се допаѓа и за чудо ќе прави да се чувствувате послободно.

- Но, се разбира, дека ќе има мигови кога ќе ви недостига поранешното безгрижно постоење.

- Вашите викенди и одмори многу помалку ќе ве релаксираат од порано. И во тие денови ќе имате тон обврски.

13-mali-raboti-koi-kje-se-promenat-koga-kje-stanete-majka-02.jpg

- Изгрејсонцето ќе биде поинакво. Некогаш ви симболизираше романтика, сега ќе ви симболизира доење и ненаспаност.

- Вашите брадавици, некогаш сексуален предмет, сега ќе ги гледате на сосема поинаков начин. И, да, ќе ве болат додека научите да доите правилно.

- Одеднаш ќе станете ранобудна личност, која секој слободен миг во денот го користи за дремка.

- Ќе плачете почесто од кога било. Некогаш од истоштеност, некогаш од среќа.

- Ќе си поставувате најчудни прашања и ќе сфатите дека секоја ваша одлука има огромно влијание на текот на работите.

- Ако го сакате партнерот сега, кога ќе станете родители ќе го сакате уште повеќе.

- Ќе сфатите зошто родителите прикачуваат толку многу фотографии од своите деца на Фејсбук.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg