Гумените играчки во бањата се потенцијална опасност за вашите деца

За родителите кои имаат мали деца веќе е јасно колку процесот на бањање може да помине полесно, доколку во кадичката се додадат неколку гумени играчки. Сепак, овој потег може да биде и опасен.

bidete-vnimatelni-gumenite-igrachki-vo-banjata-se-potencijalna-opasnost-2.jpg

Доколку има дупчиња на играчката, водата навлегува внатре и создава влажна средина во вдлабнатините. Како што знаеме, вака се создаваат идеални услови за развој на бактерии, микроорганизми и мувла.

Веќе со следното полнење и иститснување, во водата во која се бањаат децата истекува течност која може да биде преполна со спори од мувла или со бактерии.

bidete-vnimatelni-gumenite-igrachki-vo-banjata-se-potencijalna-opasnost-3.jpg

Помислете само на силиконските фуги околу вашата када или туш кабина и сетете се колку тешко се чистат тие – слично е и со играчките.

Исто така, колку посложена е формата на играчката, толку е поверојатно дека истата има витки и вдлабнатини каде освен вода, се собираат и остатоци од првут, влакна, микрочестички кои потекнуваат од најразлични нечистотии и средства за хигиена.

bidete-vnimatelni-gumenite-igrachki-vo-banjata-se-potencijalna-opasnost-4.jpg

Поради ова, важно е да изберете играчки кои немаат дупчиња и не постои можност да се полнат со вода. Истите треба да се исушат добро веднаш по употребата.

Пред следното бањање, измијте ги за да избегнете префрлање на честички прашина во водата во која го капете вашето дете. Нема потреба специјално да ги дезинфицирате, но сепак најважно е да не ги користите оние кои може да се полнат со вода

bidete-vnimatelni-gumenite-igrachki-vo-banjata-se-potencijalna-opasnost-5.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg