Доење во јавност: Има и поголеми проблеми од една гола града, не?!

Не можам да сфатам која е таа потреба да земеш и да го доиш детето во јавност? Па, како да се објасни, таа потреба се нарекува глад на детето.

doenje-vo-javnost-ima-i-pogolemi-problemi-od-edna-gola-grada-ne-001.jpg

Ниту една, ама баш ниту една мајка не ужива во моментите кога детето е расплакано и нервозно затоа што е гладно. Нејзината примарна улога е да го нахрани, да го заштити, да го смири.

Колку и да ви кажуваат дека можете точно да го предвидите времето кога детето е најадено и во следните 2-3 часа може слободно да излезете и да прошетате со него, „пазарот“ дома и надвор не излегува секогаш ист.

Можно е да му се пријаде повторно и во следните 15 минути, дете е. И ако тоа му е основната храна и одбива секаква друга, навистина немате премногу избор освен да седнете и да го надоите.

Понекогаш непланирано се задржувате некаде, како на пример заглавени во чекалната за лекарски преглед. Тогаш навистина немате избор, дали да трчкате назад до автомобилот (доколку воопшто го имате) за да го нахраните бебето или пак да се обидете во некој од тоалетите затскриени подалеку од сечии погледи.

Колку е хумано да се храни детето во тоалет? Или да се одмолзуваш во тоалет? Сите оние кои те убедуваат дека тоа е подобра опција од доењето во јавност, дали размислуваат за смрдеата, бактериите, непријатноста и нехигиената која оди во пакет со оваа опција?

Срамно и жално е да сме огорчени од „непристојната глетка“ - доење на бебе во јавност, кога впрочем е една од најприродните работи на светот. Насекаде низ светот се подигнува свеста и се охрабруваат мајките да бидат послободни кога станува збор за ова прашање.

Само кај нас најостро се осудуваат без никакво согледување на нивната незавидна ситуација. Во Македонија ретко ќе најдете простории наменети за мајките-доилки. Уште поретко простор каде што бебињата може да се пресоблечат.

Да решава мнозинството, би ве пикнале повеќе од една година дома затворени со бебето, додека на другите колективно им се брише меморијата како всушност се одвива процесот на доење и растење на бебето.

Пред некој ден шетавме низ парк и млада мајка седната на клупа се имаше дискретно покриено со марама и си го доеше бебето.

Леле, ама е одвратна, искоментира некој од групата. Што имаше одвратно во ситуацијава? Никаде не видовме ништо вулгарно.

Можеби највулгарниот момент се случи од наша страна, што ѕирнавме во „нивната работа“.

Доењето е сосема природен чин, а кај нас бизарноста оди дотаму што истиот се сексуализира.

Па се дебатира дали поголемите братчиња или сестрички кои гледаат како мајката го дои помалото бебе утре ќе биле истрауматизирани и немало да знаат за што точно служи градата како женски орган.

Ако не можете да им објасните на дечињата што точно се случува во моментот на доење, што преостана за другите поголеми родителски предизвици?

Бидете сигурни дека ниту една мајка не излегува од дома ексклузивно со идејата „уф, едвај чекам да дојдам денес во јавност“.

Но, се случува, постојат ситуации во кои не можеш да го избегнеш. Светот граба напред, а ние остро се напаѓаме дали извршувањето на една сосема природна работа во јавност е нормална или не?

Ма каква природна, вие дали сте со сите?, продолжи најгласната од групата. Знаете ли колку работи се природни? Природно е и да си го чепкаш носот и да се олесниш и да испушташ гасови кога ги имаш, па не ги правиме во јавност.

Ставот „мајка сум и ми се може“ почнува масовно да се злоупотребува. Очигледно сакаш да докажеш некоја поента, дека си мајка над мајките, па без никаков усул и срам ја вадиш целата града надвор, пред очите на целиот свет, без нималку грижа за сопствената интима.

Тоалетите не биле хигиенски? Зарем не треба да се замијат мајките пред доењето на бебето, дали е хигиенски такви испотени и на ова сонце да ја извадат градата и – шлап! да земат да го дојат пред сите.

И кога веќе мора, за да не умре детето за јадење (а не умрело ниту едно, да не се лажеме), мора ли сите да сме сведоци на голи гради извадени на мегдан? Постојат начини да се затскрие и тоа да се направи малку подискретно и со усул!

Мајката веќе одамна го имаше надоено бебето. Веројатно траело многу пократко од нашава дебата.

На крајот од денот, секој одлучува сам за себе, а најважно е децата да ни се здрави и среќни.

Светот има многу поголеми проблеми од една гола града во јавност, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg