Добрите родители се препознаваат по овие 7 јасни знаци

За родителството се вели дека е најтешката професија на светот. Модерните родители пак поставуваат многу високи стандарди кога станува збор за воспитувањето на своите деца.

Dobrite-roditeli-se-prepoznavaat-po-ovie-7-jasni-znaci-01.jpg

Прилично лесно е да се падне во стапицата на себеиспитување која гласи – Дали сум доволно добар родител?

Клиничкиот психолог Надин ван Дер Линден низ својата пракса издвоила 7 јасни знаци по кои се препознаваат добрите родители:

Детето умее да искажува силни и различни емоции во вашето присуство

Дечињата не секогаш имаат добар тајминг кога станува збор за искажување на своите емоции. Тоа не е затоа што се невоспитани или разгалени, туку затоа што мозокот не им е сè уште доволно развиен да може да ги исконтролира силните емоции.

Но, доколку вашето дете искажува лутина, тага, без или страв пред вас, тоа значи дека покрај вас се чувствува емотивно сигурно.

Кога децата се воздржуваат да не се налутат или заплачат пред своите родители, тоа значи дека во нивниот однос има некој проблем. Не забранувајте му на детето да покаже што чувствува во себе.

Обрнете му внимание и покажете му дека ви е навистина битно какви емоции чувствува.

Секогаш ви се обраќа прво вам кога е повредено или има некој проблем

Кога детето има доверба во мајката и таткото за да им се обрати со некој проблем или прашање, тоа значи дека родителите одлично си ја вршат работата.

Добар начин да го охрабрите ваквото однесување кај детето е секогаш да го дочекувате со раширени раце, внимателно да го сослушате проблемот, макар ви изгледал минорно и безначајно.

Ваквиот начин на однесување ја поплочува патеката за подоцнежните години, кога детето може да ви побара помош за некој сериозен проблем.

Детето може да зборува за своите ставови и чувства, без да се плаши од вашите реакции

Ова е јасен знак дека имате отворена, искрена и флексибилна комуникација, која е заснована на меѓусебно разбирање и прифаќање.

Многу родители несвесно го „минираат“ добриот однос со своите деца, бидејќи реагираат жестоко и бурно на нивните размислувања или чувствата кои тие ги рефлектираат.

Не го етикетирате детето со погрдни придавки

Добрите родители никогаш не употребуваат зборови од типот – лош, себичен, мрзлив, безобразен…

Доколку, на пример, детето ги изеде сите колачиња, добриот родител ќе го запраша: Ги изеде сите слатки сам? Знаеш дека е важно да ги делиш работите со сестра ти. Размисли, како би можел да ѝ се оддолжиш сега?

Ова е многу поинаков одговор од оној вообичаениот: Е навистина си себично дете! Сè изеде сам, алал нека ти е!

Го охрабрувате да го развива својот талент

Кога децата го развиваат својот талент или интерес кон нешто, тие на некој начин го вкусуваат успехот и зачекоруваат во една нова етапа од својот живот.

Доколку правилно се насочува и се развива талентот, тоа може да му помогне прилично многу во тинејџерскиот период и понатаму со текот на годините.

Но, ова важи само доколку детето има искрена желба да се посвети кон нешто. Многу родители се обидуваат преку своите деца да ги исполнат своите неостварени соништа. Неретко ги запишуваат на клавир, кошарка или балет, иако детето нема ниту желба, а уште побитно – ниту талент да се посвети на овие активности.

Доколку детето не успее да ги совлада предизвиците најчесто се чувствува како да ги разочарало родителите, што носи двојно повеќе тага и фрустрации, покрај тоа што губело време на нешто за кое нема никаков интерес.

Поставувате јасни граници на неговото однесување

Иако навидум не изгледа така, децата сакаат кога постојат одредени граници на однесување.

Таквиот начин на воспитување им овозможува да израснат во здрава средина, каде што постои одредено време кога се оди на спиење, ограничување на времето за излегување или фактот дека треба да се почитуваат постарите луѓе и членовите на семејството.

Ги поправате сопствените грешки

Доколку сте во состојба да си ја признаете и поправите сопствената грешка која сте ја направиле во комуникацијата со детето, тоа значи дека сте сјаен родител.

Доколку ви се случило да му викнете и да го навредите детето, важно е да си ја признаете грешката и да се извините.

Со еден збор, иако станува збор „само“ за дете, со него треба да се однесувате како со возрасен и да го третирате како еднакво доколку сакате да пораснете здрава и стабилна индивидуа.

Многу луѓе сметаат дека доброто родителство зависи од тоа колку детето е успешно во некоја област, колку здраво го храните или од висината на неговите оценки во училиште.

Да се биде успешен родител, сепак, значи да бидете во состојба да му пружите на детето стабилна потпора.

Ова е првиот предуслов вашето дете непречено да расте и да се развива.

Добрата искрена комуникација која ја негувате со детето треба да се заснова на љубов, почитување и блискост, наместо да зависи од успехот кое го постигнува тоа на кое било поле.

Тоа е суштината на она што значи да се биде одличен родител.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg