12 чудни работи што ги прават родителите кога првпат одат некаде без децата
Чувствувате вина дека ги оставивте сами, се јавувате да проверите како се на секој час и ужасно ви недостасуваат?
Конечно одлучивте да ги оставите децата сами дома и да заминете на патување со партнерот?
Под огромен стрес сте, како ќе се снајдат, што ќе ве очекува кога ќе се вратите дома?
Чудни работи што ги прават родителите кога првпат одат некаде без децата:
- Оставате детална листа на 4 страници како личноста задолжена за грижа за вашите деца треба да го прави тоа.
- Токму пред да го напуштите домот помислувате: „Леле, а да не одам?“
- „Срце, мама/тато ве сакаат. Ќе ни недостигате. Ќе бидете добро“, се поздравувате со децата како да заминувате засекогаш.
- Иако, си ветивте дека нема да зборувате за децата, некако постојано се враќате на тема деца во разговорите.
- Секој пат кога ќе слушнете дека друго дете плаче, автоматски помислувате дека е вашето.
- Случајно од џебот извлекувате некоја играчка од вашето дете и наеднаш ве преплавуваат емоции.
- На сите имате потреба да им раскажете дека за првпат сте појдени некаде без децата.
- Размислувате колку би им се допаднало на вашите деца местото каде престојувате и почнувате да чувствувате вина што не ги земавте.
- Им се јавувате на децата на секој час.
- Гледате фотографии од нив на вашиот телефон затоа што ви недостасуваат ужасно.
- Одлучивте никогаш повеќе да не одите некаде без нив затоа што е премногу стресно.
- Десет минути откако се вративте дома кај децата почнувате да планирате кога пак да заминете некаде сами со партнерот.
С. С. | Црнобело