Однесувања на децата кои може да посочуваат на психопатија

Малтретирање на животни, пироманија, лажење без причини се само дел од причините за црвена тревога.

odnesuvanja-na-decata-koi-moze-da-posochuvaat-na-psihopatija-01.jpg

Уште на најмала возраст кај децата има одредени сигнали кои може да посочуваат на тоа дека детето развива сериозен афинитет кон насилство и еден ден тоа може да се претвори во психопатија.

Некои од однесувањата се забележуваат уште на 3-годишна возраст, а за некои од однесувањата понекогаш родителите се виновни.

Според психолошките анализи врз криминалците, истражувачите откриле дека ова се симптоми за психопатија кај децата:

Суровост кон животните

Ова е еден од најочигледните знаци и се јавува уште во најраните години од детството. Садизмот кај децата е знак за црвена тревога.

Ако видите дека вашето дете злоупотребува животни треба да го предупредите дека тоа е неприфатливо. Доколку продолжи со суровоста, најдобро е да се консултирате со психолог.

Според податоците на ФБИ, начинот на кој психопатите ги малтретираат своите човечки жртви често е сличен со начинот на кој малтретирале животни во детството.

odnesuvanja-na-decata-koi-moze-da-posochuvaat-na-psihopatija-07.jpg

Афинитет кон палење на работи

Пироманијата посочува на поинаков тип на ментално нарушување. Но, сепак треба да се обрне внимание на тоа уште во детството.

Пироманијата е начин на кој детето изразува бунтовно однесување и бес.

odnesuvanja-na-decata-koi-moze-da-posochuvaat-na-psihopatija-05.jpeg

Мокрење во кревет

Состојбата на неконтролирано мокрење во кревет кај детето буди срам и бес. Во ваквите ситуации треба внимателно да постапувате со него, без да му предизвикувате голема непријатност.

Анализите на ФБИ покажуваат дека многу од криминалците го правеле тоа како деца, а нивните родители реагирале несоодветно со големи исмејувања и казни.

odnesuvanja-na-decata-koi-moze-da-posochuvaat-na-psihopatija-06.jpg

Задоволство од кршење на правилата

Понекогаш детето не е свесно дека ја преминало линијата и треба да му се посочи. Но, ако тоа постојано го повторува истото однесување свесно дека за тоа следуваат последици, време е за тревога.

На детето очигледно му причинува задоволство кога другите луѓе се чувствуваат мизерно.

Понекогаш некои деца крадат предмети кои не им требаат, само затоа што задоволството од кршењето на правилата им е доволна награда.

odnesuvanja-na-decata-koi-moze-da-posochuvaat-na-psihopatija-02.jpeg

Лажат без каење

Кога дете ве лаже се гледа руменило на обравчињата или одредена доза на некомфорност, како и низа други фацијални експресии и потези на телото.

Кога тоа го прави за да избегне некоја казна е сфатливо. Но, кога детето лаже без причина треба да се загрижите.

Ова покажува дека има желба да ги наведува другите во погрешна насока и да манипулира со нив уште од најмлади години.

odnesuvanja-na-decata-koi-moze-da-posochuvaat-na-psihopatija-03.jpg

Малтретирање на други деца

Ова е резултат на несоодветни услови при растењето, проблеми со родителите, запоставеност или некои нерешени ситуации, кои подоцна во животот доаѓаат до израз.

Децата со вакви проблеми со задевање на другите деца сакаат да привлечат внимание на себе, а и добиваат одредено чувство на авторитет, кое им дава задоволство со оглед на тоа што во домот можеби имаат насилни родители, кои не се грижат за нив.

odnesuvanja-na-decata-koi-moze-da-posochuvaat-na-psihopatija-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg