Мајка решила да биде сурогат за својот син и снаата, па сама си го родила внучето

Приказната кои некои ја сметаат за симпатична, а некои за бизарна, започнува со неможноста Кајла и Коди да имаат детенце.

majka-resila-da-bide-surogat-za-svojot-sin-i-snaata-pa-sama-si-go-rodila-vnuceto-01.jpg

Кајла и Коди се во брак од 2012-та година, од кога и се обидуваат да имаат принова во семејството. Но, Кајла на само 17 години имала делумна хистеректомија, поради што сонот им бил отежнат.

Решението било да најдат сурогат мајка.

„Моите јајници се во ред и не се отстранети, што значи можам да имам дете што биолошки е мое, само немам матка во која би го носела плодот,“ раскажува Кајла.

„Затоа со сопругот моравме да користиме сурогат мајка.“

majka-resila-da-bide-surogat-za-svojot-sin-i-snaata-pa-sama-si-go-rodila-vnuceto-04.jpg

По неколку неуспешни обиди со разни кандидатки, парот решил да го земе предвид необичниот предлог.

„Со сопругот се венчавме во 2012-та и мојата свекрва секогаш се шегуваше дека ќе ни биде сурогат. По неколку неуспешни обиди за сурогат мајки да го носат нашето дете, почнавме да го сфаќаме нејзиниот предлог посериозно.“

majka-resila-da-bide-surogat-za-svojot-sin-i-snaata-pa-sama-si-go-rodila-vnuceto-03.jpg

По многу тестови и скептични доктори, мајката на Коди, Пети, очигледно била физички способна да износи здраво дете.

„Иако бевме исплашени, решивме да се обидеме уште еднаш. Во мај 2017-та откривме дека обидот успеал.“

Реакциите во кругот на семејството биле само позитивни, но луѓето однадвор биле зачудени и скептични.

„Некои луѓе сметаат дека ова е чудно, но ако го разбираат процесот, ќе сфатат дека нема ништо што не е нормално.“

majka-resila-da-bide-surogat-za-svojot-sin-i-snaata-pa-sama-si-go-rodila-vnuceto-05.jpg

За време на бременоста на бабата која си го носела сопственото внуче, парот заедно со неа направил фотосесија за спомен:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg