Прашања кои треба да ѝ ги поставите на вашата мајка за подобро да се разберете себеси
Мајката е вашиот најдобар пријател кој секогаш ви мисли добро, па разговорите со неа се секогаш пријатни, искрени и корисни.
Разговарајќи отворено со неа може полесно да се разберете и себеси како личност, како и да дознаете што сакате во животот.
А, најдобар начин за тоа е со поставување прашања. Прашања за нејзиниот живот на различни полиња, чии одговори вам ќе ви бидат од корист.
Со помош на приказните на вашата мајка, полесно ќе ги разберете вашите вредности, ќе сфатите што ви е важно, а што не.
Прашања кои треба да и ги поставите на вашата мајка за подобро да се разберете себеси и да уживате во животот:
За љубовта и пријателството
- Која беше твојата прва љубов?
- Кој беше твој најдобар пријател?
- Зошто се заљуби во тато?
Секоја љубовна приказна е уникатна и убава. Има свој начин на развивање и важно е да се слушнат работите кои мајката ги цени кај луѓето и што и е важно неа да види во нејзиниот партнер.
Овие работи ќе ви бидат важни да ги разберете за полесно да го развиете вашиот семеен живот.
За среќата
- Во кој период беше најсреќна?
- Кој подарок што си го добила ти бил највреден?
- Кој ти бил најсреќен ден во животот?
- На што секогаш се присетуваш со радост и топлина?
Кога мајката е среќна, среќни се сите околу неа. Приказните на кои мајката се потсетува со посебно чувство во неа се најважните. Тие ќе ви помогнат да сфатите што ја грее и вашата душа. Што ве задоволува најмногу?
За постарата генерација
- Што би сакала сега да ги прашаш твоите родители?
- Што најмногу помниш за својата мајка?
- Каков живот живееле баба и дедо?
За семејството
- Што беше најважно за тебе при одгледувањето деца?
- Како се гради среќно семејство?
- Како наоѓаше баланс помеѓу работата и семејството?
- Како да ги едуцирам моите деца?
Сега, откако сте веќе пораснати, мајката може да зборува отворено со вас за мајчинството. Може да ви ги признае грешките кои смета дека ги направила со цел да научите од нив и да бидете подобри со вашите деца.
Или пак, за тоа што сакала, но не го направила. Ова е одлично искуство за вас.
За детството
- За што сонуваше кога беше дете?
- На што се сеќаваш од детството?
- Кои ти беа пријатели во првите години?
- Што сакаше да станеш кога беше дете?
Одговорите на овие прашања ќе ви дадат многу интересни приказни. Понекогаш, целосно неочекувани. Но, според психолозите, она што го помниме од детството, ни влијае во животот како возрасни.
Пронаоѓајќи ја врската помеѓу приказните и животот на мајката, може да ви помогне да направите споредба на вашето детство и иднина.
За работата и интересите
- Што ти донесе работата во младоста?
- Што најмногу сакаше да правиш кога беше млада?
- Што мислеше за парите во младоста?
- Што беше твојата прва работа?
Интересите на мајката може да ни кажат многу за нашите. Да, времињата се менуваат, но човечките вредности остануваат исти.
Најважното
- Кои настани во животот влијаеа на тебе најмногу?
- Што би сакала да избришеш од животот ако постоеше можност?
- Од кои грешки научи најмногу?
- Што е најважната работа во животот за тебе?
Кога ќе ги дознаете проценките на вашата мајка за она што се случува, ќе ја сфатите многу подобро и неа. Ќе разберете што се случувало во минатото и што влијаело на нејзината судбина. Оттука ќе донесете заклучоци и за себе.
М. М. | Црнобело