Трите правила на Бил Гејтс кога станува збор за мобилните телефони и децата
За поголемиот дел од луѓето, Бил Гејтс и Стив Џобс се синоними за технолошка иновација. Но, иако и двајцата се практично најзаслужни за денешниот изглед на компјутерите и мобилните телефони и покрај фактот што поради нив истите се достапни на најголемиот дел од популацијата, и двајцата истакнале строги правила кога се работи за употреба на технологијата во домот.
Конкретно, Бил Гејтс од своите деца бара да почитуваат 3 правила:
1. Нема мобилен телефон пред 14-тиот роденден.
2. Забранета е употреба на мобилниот телефон на масата додека се јаде.
3. Мобилниот телефон не смее да се носи во креветот за спиење.
Во една прилика, компјутерскиот могул Гејтс изјавил: „Задачата на родителите е секогаш да бираат исклучиво добри начини за употреба на технологијата, како што е учењето на нови работи или одржувањето на контактите со пријателите, но и да внимаваат истите овие потреби да се во умерена доза“.
И Стив Џобс имал строги правила и ограничувања поврзани со технологијата и своите деца, до таа мера што им забранил да употребуваат iPad, иако тој учествувал во неговата иновација.
Доколку овие два технолошки магнати донеле и спроведувале вакви строги правила за своите, деца, останува да се запрашаме зошто поголемиот дел од родителите не го следат нивниот пример?
Кога вие или вашите деца го добивте првиот мобилен телефон или компјутер?
(О)Милена | Црнобело