Модерни мајки: Како изгледа животот кога го форсирате детето да биде Инстаграм ѕвезда?

Мила и нејзината близначка Ема растат на Инстаграм профилот на нивната мајка. „Добредојдовте на овој свет, девојчиња без имиња,“ гласи првиот пост на мајката во 2014-та година.

moderni-majki-kako-izgleda-zivotot-koga-go-forsirate-deteto-da-bide-instagram-dzvezda-01.jpg

Година подоцна, Кејти, мајката на близначките, го споделува своето породување со царски рез на YouTube. 4 години подоцна, Кејти има 3,7 милиони следбеници на Инстаграм, благодарение на нејзините близначки.

moderni-majki-kako-izgleda-zivotot-koga-go-forsirate-deteto-da-bide-instagram-dzvezda-09.jpg

Мила е близначката која веќе е интернет ѕвезда. Луѓето ја застануваат на улица со молба да се сликаат со неа. Има фанови од цел свет – од Индија, Кина, па до Бразил.

moderni-majki-kako-izgleda-zivotot-koga-go-forsirate-deteto-da-bide-instagram-dzvezda-05.jpg

Креирањето на онлајн брендот на Мила бил толку успешен, што нејзината мајка Кејти ја напуштила работата и сега е Инстаграм мајка со полно работно време.

moderni-majki-kako-izgleda-zivotot-koga-go-forsirate-deteto-da-bide-instagram-dzvezda-02.jpg

„Фотосесиите не траат подолго од 15 минути, а во денот може да имаме дури 5. Само зависи колку близначките ќе соработуваат,“ вели мајката.

На прашањето колку заработуваат од еден Инстаграм пост – одбива да одговори.

Продолжува да раскажува како се одвива една просечна фотосесија:

„Дефинитивно има моменти кога сме во фаза каде морам да им кажам: после ова одиме на сладолед, за да соработуваат. Ема е малку потешка кога се работи за сликање и слично. Едноставно не сака.

Од друга страна, видеата на Мила се најпрофитабилни. Првите неколку од нив се проширија вирално. Снимањето на едно видео може да трае до три дена.“

Сепак, мајката вели дека не сакаат да претераат со нападни реклами.

„Искрено, ако можеме да направиме обично, нормално видео во кое Миа само го држи производот во рака, без да прави очигледна реклама, би го направиле.“

На прашањето дали смета дека еден ден кога ќе пораснат, близначките може да се чувствуваат засрамени од нивните онлајн постови, мајката одговара:

„Никогаш не споделувам ништо голо од нив. Секогаш имаат облека на нив. Евентуално пелени со еднорози.“

moderni-majki-kako-izgleda-zivotot-koga-go-forsirate-deteto-da-bide-instagram-dzvezda-06.jpg

Исто така смета дека е нефер затоа што е осудувана од голем дел од мајките и општо, луѓето. Вели дека како што сите можат да се одлучат за професија, така таа се одлучила да ги слика своите деца и од тоа да заработува.

moderni-majki-kako-izgleda-zivotot-koga-go-forsirate-deteto-da-bide-instagram-dzvezda-04.jpg

Вели дека парите кои ги заработува не се за неа, туку повторно за близначките.

Приказната ја завршуваме со едно интервју за Fox News.

moderni-majki-kako-izgleda-zivotot-koga-go-forsirate-deteto-da-bide-instagram-dzvezda-03.jpg

Кејти и Мила беа во живо во програма, кога спикерот ѝ се обрати на малата Мила со прашањето:

„Па, Мила, ти си голема интернет ѕвезда. Какво е чувството да си славен?“

Малечкото девојче од скутот на мајка си само збунето одговори: „Аммм... Не знам.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg