Порно глумица до родителите: „Едуцирајте си ги децата, ми се смачи јас да ви ги подучувам!“

Француската ѕвезда на филмови за возрасни, жестоко ги искритикува денешните родители, истакнувајќи дека ни малку не ги образуваат своите деца за сексот, поради што тие ѝ се обраќаат на неа. Taa, пак, не сака и понатаму да ѝ пишуваат, како ни да ги превоспитува наместо нив.

porno-glumica-do-roditelite-educirajte-si-gi-decata-mi-se-smachi-jas-da-vi-gi-poduchuvam-1.png

Во јавниот прекор што го упати на Твитер, револтираната порно глумица Никита Белучи (28) објасни дека е лута и уморна од многубројните непристојни пораки што ѝ пристигнуваат на социјалните мрежи, каде редовно ја контактираат момчиња на возраст од 12 или 13 години.

porno-glumica-do-roditelite-educirajte-si-gi-decata-mi-se-smachi-jas-da-vi-gi-poduchuvam-2.jpg

За главни виновници ги посочува родителите, чија должност е да си ги воспитаат и научат сопствените деца како да се однесуваат. Истовремено, да го превенираат и нивното пребарување на сајтовите за возрасни.

Mи се смачи да ги подучувам вашите деца. Престанете своите обврски да им ги префрлате на сексуалните работници!", порачува Белучи.

porno-glumica-do-roditelite-educirajte-si-gi-decata-mi-se-smachi-jas-da-vi-gi-poduchuvam-3.jpg

Глумицата е согласна дека порнографските содржини не се доволно контролирани, ама додава и дека тоа не подразбира малолетници да ѝ праќаат пораки, барајќи од неа голи селфи фотографии, бакнежи, или, пак, да ја изгубат невиноста со нејзе.

Кај нив потполно недостасува сексуална едукација и превенција, но не е наша работа да ги учиме вашите деца.", продолжува таа.

porno-glumica-do-roditelite-educirajte-si-gi-decata-mi-se-smachi-jas-da-vi-gi-poduchuvam-5.jpg

Никита се сложува дека во денешно време, порнографијата им е мошне лесно достапна на децата. Затоа и бара мерки со кои би се заштитиле, искуството што таа го имала, да не стане и туѓо.

„Јас нема да ја веднам главата. Зошто да ми биде срам? Не е на мене да се преиспитувам.“, напиша глумицата.

porno-glumica-do-roditelite-educirajte-si-gi-decata-mi-se-smachi-jas-da-vi-gi-poduchuvam-4.jpg

На крајот, таа ги повика родителите да размислат околу тоа што им прават децата додека се сами, како и за последиците од нивното однесување.  

Покрај својата објава, приложи и неколку eксплицитни пораки што ги добила на социјалните мрежи. Во една од нив, момче се претставува како нејзин обожавател кој наскоро ќе наполни 13 години, па ја замолува Никита „да имаат секс голи“.

porno-glumica-do-roditelite-educirajte-si-gi-decata-mi-se-smachi-jas-da-vi-gi-poduchuvam-6.jpg

А, таа не само што го одбила, туку додала и дека пораката би можела да заврши кај неговото семејство.

„Дечко. 13 години. Размисли за своите постапки, напиши си ја домашната работа и не ме контактирај никогаш повеќе. Ако не постапиш така, јас ќе им го препратам нашиот разговор на твоите родители.“, гласи нејзиниот одговор до момчето.

porno-glumica-do-roditelite-educirajte-si-gi-decata-mi-se-smachi-jas-da-vi-gi-poduchuvam-7.png

Твитот на Никита Белучи набрзо стана вирален, а реакциите на луѓето се поделени – од оние кои ја критикуваат, до тие кои ја фалат поради постапката.

Што мислите вие на оваа тема?

porno-glumica-do-roditelite-educirajte-si-gi-decata-mi-se-smachi-jas-da-vi-gi-poduchuvam-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg