12 знаци дека сте подготвени да станете мајка

Се прифативте комплетно себеси и сега сте подготвени за помирна фаза во животот.

12-znaci-deka-ste-podgotveni-da-stanete-majka-01.jpeg

Мајчинството е важен дел од животот на секоја жена, но тоа не е лесна работа и бара многу напор.

Некои жени навистина сакаат да станат мајки, додека други се колебаат поради сите предизвици, бессони ноќи и жртви што следуваат.

Вие како се чувствувате кога мислите на оваа тема?

Сигнали што ќе ви кажат дали сте подготвени за оваа улога:

1. Научивте да се сакате себеси – Сега сте во фаза на животот кога го прифаќате тоа што сте. Многу е важно да се сакате и грижите за себе пред да се обидете тоа да го правите за некој друг.

2. Поставивте цврсти темели - Се чувствувате сигурно и комфорно. Одите цврсто по земја и имате визија за иднината.

3. Имате редовни приходи – За успешно одгледување на дете потребно е внимателно планирање на финансиите. Затоа потребна ви е стабилна работа со редовни приходи.

12-znaci-deka-ste-podgotveni-da-stanete-majka-03.jpg

4. Имате стабилна љубовна врска – Среќни сте со вашиот партнер и вистински го сакате. Со него заедно можете да се замислите како се соочувате со сите животни предизвици.

5. Ви здодеаја ноќните забави – Ја минавте онаа фаза на неодговорен начин на живот со многу алкохол и забави до рано наутро. Сега сакате да се смирите и да ја насочите енергијата кон ширење на семејството.

6. Ве интересираат информации за „светот на родителите“ – Постојано читате која позната личност се породила и ја прашувате вашата пријателка како е да се одгледува дете.

7. Инстинктивно ги штитите другите – Кога возите со автомобилот и ненадејно кочите инстинктивно ја подавате раката кон совозачот. Ова го правите и на пешачки премини и во низа други ситуации.

12-znaci-deka-ste-podgotveni-da-stanete-majka-02.jpg

8. Целиот дом го носите во една чанта – Сакате да сте подготвени апсолутно за секоја пригода. Од марамчиња за бришење до креми и вода во чантата, па токму тоа ве чека и кога ќе бидете мајка.

9. Обожавате да минувате време со деца – Нема ништо подобро од разгледување на детска облека со вашата пријателка или минување на ноќта со луѓе кои имаат деца.

10. Внимавате на дисциплината на вашите внуци – Сакате да минувате време со деца, но и имате нагон да работите на нивното воспитување и дисциплина. Понекогаш сакате да ги искарате поради работите што ги прават погрешно.

12-znaci-deka-ste-podgotveni-da-stanete-majka-04.jpg

11. Способни сте за мултитаскинг – Ова е неопходно за улогата на мајка. Едновремено ќе треба да пеглате, играте со децата и правите ручек.

12. Чувствувате дека сте подготвени – Се чувствувате како да знаете што сакате. Имате претчувство дека ќе бидете добра мајка и дека треба да имате што повеќе бебиња, кои ќе ги правите среќни.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg