Зошто строгите мајки одгледуваат поуспешни деца?

Постојаните приговарања од вашата мајка од кои ве боли главата, всушност ќе ве направат подобра и поуспешна личност во животот.

zoshto-strogite-majki-odgleduvaat-pouspeshni-deca-01.jpg

Што влијае едно девојче или момче да израсне во успешна личност? Интелектот, напорната работа, самодовербата, одговорноста, добрите животни одлуки и низа други работи.

Но, дали сте знаеле дека еден од клучни фактори во успешноста на една личност е неговата мајка?

„Дали ја напиша домашната задача?“, „Среди си ја собата“, „Дали ги изми забите“, „Дали ме слушаш“.... Овие прашања и изјави колку и да ви изгледаат иритирачки ќе ве лансираат во успешна личност.

Позади секоја успешна девојка е нејзината мајка, која постојано приговара, откри едно истражување фокусирано на животот на 15.500 девојки на возраст од 13 и 14 години. Можеби ќе ви звучи неверојатно, но строгите мајки, кои постојано приговараат всушност ја прават вистинската работа. Иако, ова истражување се однесува само за ќерките, веруваме дека ситуацијата е иста и со синовите.

Високите очекувања на мајките од нивните деца влијаат и будат чувство на одговорност кај децата, па веројатноста дека тие добро ќе се образуваат и ќе направат вистински животни избори се многу поголеми.

zoshto-strogite-majki-odgleduvaat-pouspeshni-deca-01.jpg

Истражувањето покажа дека кај строгите родители шансата на забременување на нивната ќерка тинејџерка била намалена, а веројатноста да земаат поголема плата во животот поголема.

Затоа наредниот пат кога мајка ви ви приговара, насмевнете ѝ се и послушајте ја затоа што таа само работи на тоа да станете подобра личност.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg