Трикови кои сите млади родители треба да ги знаат
Родителите понекогаш може да се наречат и суперхерои – тие мора постојано да внимаваат на детето, да го хранат, да го мијат, да се грижат за него, а во истовремено сите останати обврски да течат нормално.
Тоа понекогаш навистина знае да биде тешко и претставува вистински предизвик, а некои родители како да се „родени“ за оваа улога.
Па, токму од нив има многу што да се научи и да се дознаат трикови за полесно справување со овој предизвик.
Погледнете ги овие трикови кои ќе ви бидат од помош додека децата се мали:
Не се потпирајте само на помнење
За да не излудите од многуте работи кои мора да ги запомните и обврски кои чекаат на вас да ги завршите, како и распоредот на вашите деца, водете си дневник и запишувајте ги сите работи кои треба да ги направите во текот на денот.
Пишувајте ги дури и баналните работи како што се кога да ги нахраните децата, кога да ги избањате, кога да одите во продавница и што да купите.
Можеби звучи смешно, но е од голема корист за да не настане хаос во вашата глава и дом.
Направете го бањањето забавно
Мнгоу деца додека се мали се бунат и не сакаат да се бањаат, па ако имате и вие таков проблем, решете го на лесен начин. Купете лед стапчиња во боја или други слични работи на кои децата би се радувале додека се во када со наполнета вода, па овој процес ќе им стане омилен.
Создадете им простор за креативност
Искористете ги кутиите за јајца за во нив да ставате бои и четки, а големите картонски кутии може лесно да се претворат во катче за развивање креативност. Исполнете го слободното време на детето на интересен начин и спречете го чкртањето по ѕидови и други делови во домот.
Развијте независност
Секако дека од родителот се очекува додека е детето мало да прави сѐ за него – да го храни, да чисти по него, да го бања, да го облекува и уште многу други работи. Но, по одреден период, обидувајте се полека да создавате независност кај детето и учете го само да прави нешто.
Може да започнете со едноставни работи – на пример, залепете стикери поделени на пола во двете патики, така што детето ќе може да распознае која е десна, а која лева и ќе му биде позабавно само да се облекува.
Правилно сервирајте ја храната
Пред да му дадете на детето да јаде, исечкајте ја храната на залчиња за да може полесно да јаде. Сечилото за пица може да ви помогне при сечење на многу работи, а стапчето за сладолед и корпите за колачи може да помогнат при спречување на дамки по облеката.
Организиран простор за играчки
Организираниот простор каде ќе се чуваат играчките е првиот чекор кон учење на детето на ред. Ставете во секоја соба мали кутии и распоредете што во која ќе стои.
На крајот на денот, или по завршувањето со играње, на детето ќе му биде забавно да ги распореди сите работи, а воедно многу ќе ви помогне.
Авионски лет без плачење
Летањето со авион е многу непријатно искуство за децата, посебно ако летот е долг, па родителите мора да наоѓаат начин да го смируваат. Но, наместо да чекате да дојде до таков момент, веднаш најдете начин за забава на детето. Одлична идеја се стикерите за стакло.
Малите играчки соберете ги на едно место
Ова посебно важи за коцките кои децата ги обожаваат, па за да не се изгубат, чувајте ги во една вреќа која ќе ја користите само за тоа.
Игрална од базен
Гумениот базен кој во лето се користи за бањање, во другите месеци може лесно да се претвори во игрална каде децата ќе си играат, а ќе биде исполнет со меки играчки и топчиња.
М. М. | Црнобело