Покажете му ја светлата страна на животот: 6 совети како да одгледате среќно дете

Почитувајте ја неговата страст и говорете му колку сте благодарни што имате дете како него во животот.

pokazete-mu-ja-svetlata-strana-na-zivotot-6-soveti-za-vospituvanje-na-srekjno-dete-01.jpg

Оптимизмот и самодовербата се значаен фактор во животот, како во детството, така и подоцна во животот, а сето тоа започнува од воспитувањето.

Среќни, задоволни и исполнети родители имаат такви деца. Тие својот позитивен став го пренесуваат на своите деца преку дружбата и комуникацијата со нив.

За да одгледате среќно дете, следете ги овие совети:

Почитувајте ја неговата страст

Ако вашиот син сака да биде пожарникар, а вашата ќерка сака да го истражува подводниот свет, почитувајте го тоа и поттикнувајте ја неговата љубов кон тоа.

Охрабрувајте ги и носете ги на места каде што ќе може да се запознаат со работите за кои чувствуваат страст.

Говорете им често зошто сте благодарни

Кажете им за што сè сте благодарни, односно колку тие ве прават среќни и задоволни што прават одредени работи. Тоа може да биде прегратка или неочекуван банеж или пак собирањето на играчките.

Децата брзо ќе сфатат дека среќата е во малите работи.

Намалете со приговарањето

Обидете се да бидете колку што можете помалку негативни и колку што можете помалку приговарајте, особено кога се вашите деца во близина. Ако им упатувате критики на нив може да им ја расипете самодовербата.

Приговорите обидувајте се да ги задржувате за себе, па кога ќе се соберат доволно, напишете ги на лист и на мирен начин кажете му на вашето дете како да решите одредени проблеми.

Покажете му ја светлата страна на животот

За вашите деца да бидат оптимистични, прво вие мора да имате оптимистичен став кон животот. Следниот пат добро размислете пред да реагирате лошо во одредени ситуации.

На пример кога ќе се најдете во сообраќајна гужва, немој да се нервирате пред децата. Наместо тоа, тој период искористете го за да минете време во комуникација со него.

Поттикнувајте го да помага во заедницата

Волонтирањето со вашите деца ќе ви биде вистинска авантура. Учете го детето да им помага на другите.

На тој начин ќе направи добро дело и позитивно ќе влијае на другите луѓе, но и самото тоа ќе се чувствува среќно и исполнето.

Избегнувајте гледање вести

Вестите се преполни со негативни информации од целиот свет, па ако децата гледаат вести тешко ќе им биде да останат позитивни.

Оставете ги да уживаат во нивниот свет и да бидат без грижи колку што може подолго.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg