За сите самохрани родители - по еден трофеј ќе ве молам!

Судбината понекогаш знае да зададе удари под појасот и деца да бидат осудени на живот со еден родител или пак од другата страна родител да биде осуден сам да се грижи за своите деца.

za-site-samohrani-roditeli-po-eden-trofej-kje-ve-molam-01.jpg

И благодарение на некои родители што имаат плеќи да поднесат нaјголеми тежини во животот и срце способно да дари тон љубов, оваа судбина на децата знаат да ја омекнат така убаво за тие да не почувствуваат колку многу всушност им земал животот.

Кај овие деца нема родител - добар и лош полицаец, нема втора опција ако едниот ги одбие за џепарлак, нема барање утеха од едниот кога другиот се свртел „против“ нив, нема изговарање на едниот од зборовите „мамо“ или „тато“ до крајот на животот... Но за среќа голем дел од нив остануваат потпрени на родителот, кој иако останал сам никогаш не си дозволува да изгледа немоќно. Го гледаат силен како карпа и чувствуваат дека е способен да ги заштити од сите животни бури. Се чувствуваат сигурно иако пред себе немаат двајца што ќе застанат во нивна заштита, дури и по цена на ризикување на животот.  Имаат еден и единствен!

Од овој еден родител тие добиваат и нежност и совети и добро постројување кога ќе застранат од патот. Токму во тоа лежи моќта на овој родител – да вреска кога мора, да милува кога сака, да зборува до истоштување и 24/7 да работи работа предодредена за двајца. Емоционално, физички, финансиски, тој секогаш мора да се вложи двојно повеќе за неговите најмили да не почувствуваат дека некој неопходен дел од големата слика недостига.

Самохраниот родител не спие во ноќите, но утрата ги дочекува со насмевка за своите деца. Тој не знае како ќе се снајде да ги истурка работите до крај, но знае дека за неговите деца е целиот нивен свет и затоа е сигурен дека без разлика на жртвите задолжително ќе ги истурка работите до крај.

И мајка и татко и сојузник, но и прекорувач тој знае кога да ги дигне своите деца со комплименти до небо, но и кога да ги спушти со критики до земја за да не залутаат. Ако во нешто потфрли, не постои втор родител кој работите ќе ги изведе на прав пат. Секој негов потег е од животно значење за неговите деца, па така и секоја одлука што треба да се донесе му исцедува двојно повеќе енергија.

Згора на сè, треба и да даде низа објаснувања пред своите деца зошто другите имаат мајка и татко, а тие се осудени на живот со еден родител, зошто животот е нефер, мора да објаснува зошто само тој не успеал да го исполни ветеното, додека сите други родители го сториле тоа за нивните деца... Неговите деца се само деца и забораваат дека нему му е потребно дупло повеќе време, енергија и труд за сè.

 Дури и кога чувствува ужасна болка по својот некогашен љубовен партнер, по мајката односно таткото на неговите деца, тој не смее да покаже слабост и да и ги отвори вратите на носталгијата во домот за неговите деца да не останат заробени во спомените и живеењето во минатото.

Секој ден за самохраниот родител е дупло поголема борба отколку денот на кој било друг родител, затоа тој дефинитивно заслужува трофеј.

По еден трофеј ќе ве молам – за сите самохрани родители!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg