Кога небото ќе ви одзеде човек што живот ви значел, повеќе не постои болка што може да ве скрши

На миг се чувствувам презаситено од сите тие банални проблеми кои луѓето ми ги сервираат пред нос. Им се чудам како немаат сила, ниту идеја како да се справат со животот во неговиот најмал монструозен облик.

koga-neboto-kje-vi-odzede-chovek-shto-zivot-vi-znachel-povekje-ne-postoi-bolka-shto-moze-da-ve-skrshi-001.jpg

Јас го видов тоа чудовиште, видов каква болка може да нанесе и каква црна сенка може да фрли на остатокот од животот.

Видов многу страшно, многу вистински, како пржи на своја кожа и не дава објаснувања зошто неочекувано ве жигосал засекогаш... Апсолутно до последниот здив!

На најсуров можен начин засекогаш ми откорна дел од срцето и притоа не ме ни праша дали ќе успеам да соберам храброст и сила, дали ќе успеам од парчињата на „своето јас“ да направам едно цело и да продолжам понатаму.

Не го интересираше дали ако ми ја одзеде личноста која живот ми значи, во најранливите години, ќе можам да продолжам понатаму и да станам човек што сепак и покрај сѐ ќе научи да го сака животот, без разлика колку подмолен може да биде.

Доживеав болка која ниту една мерка не може да ја измери и загуба која прави да се гушам во ноќите. Сè што мислев дека е таму некаде далеку, ми се случи толку блиску, толку на своја кожа, што не можев да поверувам зошто сум така казнета.

Токму така, бев лута, бесна, повредена... Се чувствував казнета и се прашував што лошо сум сторила за да го заслужам ова.

Еве и денес, толку години подоцна, кожата ми се ежи кога ќе го прочитам својот дневник од тој период, кога сум ја барала вината во себе за нешто што ниту едно дете на светот не може да биде виновно.

И беше нереално... Секое утро како црна птица ми надлетуваше таа мисла и ми требаа неколку минути за да сфатам дека е вистина, дека неа повеќе ја нема.

Но некако научив да живеам со тоа, научив како да живеам без дел од срцето и како за таа личност да бидам најдобрата што можам. Некако тивко во себе, секој успех, секој триумф ѝ го посветував нејзе и со скриен поглед кон небото и насолзени очи праќав порака дека ова е за неа.

Сакав да знае дека и покрај тоа што физички не е присутна, таа ми е најголемата водилка и инспирација во животот.

За сѐ добро што всади во мене, верував дека сум ѝ должна да го израснам и таму далеку одгоре да види дека сиот труд не бил залуден и дека навистина сум се претворила во комплетна личност, каква што таа замислуваше да бидам.

И ретко зборувам за неа, можеби тоа не е правилно, не знам, но секој има свој начин за справување со болката. Јас сакам да се сеќавам на неа кога сум во четири ѕида, да испратам енергија дека не е заборавена и дека ќе ја имам на ум до последниот здив, но не сакам да говорам пред други за тоа и да гледам очи полни сожалување - сожалување кое нема да ми помогне на ниту еден начин.

Еве пишувам, изгледа пишувајќи отсекогаш подобро знаев да ги искажам емоциите и таа тоа добро го знаеше, па не ми се лутеше за премолченото „те сакам“. Знаеше и без да изустам збор, колку многу љубов во моето срце имаше за неа, сѐ уште има и засекогаш ќе има.

Не сум јас од оние луѓе кои ќе се склопчат во креветот и ќе ја оплакуваат својата судбина. Научив како да живеам со својата трагедија, а животот ме научи што е најголема болка и дека мора да се мине стоечки.

Затоа сега колениците не ми се затресуваат на малите животни удари, затоа што ништо повеќе не може да боли така силно.

Сега сум храбра и ги учам другите да го гледаат доброто и тогаш кога сивите нијанси стапуваат на сцена. И во најголемата темнина да пронајдат зрак светлина за да ги води.

Животот е еден и мора да се проживее на најдобриот можен начин, без разлика што понекогаш може да удри толку силно.

Мора да продолжиме понатаму посилни од претходно, затоа што убавите работи зад аголот, ги чекаат само храбрите, а оние саканите што заминале горе на небото, не ни посакуваат ништо помалку од тоа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg