Не му го давајте на детето товарот на вашиот неизживеан живот

Најголемиот товар кое детето го носи е неизживеаниот живот на родителите, рекол Карл Г. Јунг.

Ne-mu-go-davajte-na-vaseto-dete-tovarot-na-vasiot-neizivean-zivot-01_copy.jpg

Народските дефиниции кај нас се попросто објаснети – Каков татко-таков син, каква мајка-таква ќерка.

Доколку мислите дека родителите кои ги напнуваат своите малечки да бидат исти како нив па дури и поуспешни, се само обичен мит, се лажете.

Родителите кои очајно ги буткаат своите деца напред се најчесто оние кои не успеале да ги исполнат своите соништа. Ова го потврдија и истражувањата.

Секако, не сите родители сакаат чувствата на незадоволство и разочарување од сопствениот живот и неуспех да ги рефлектираат на своите деца и да очекуваат од нив тие да ги поправат нивните грешки.

„Оние кои го прават тоа ги гледаат своите деца како еден вид екстензија, продолжување на самите себе, а не како индивидуални луѓе со свои надежи и соништа“, изјавува професорот по психологија Бред Бушман на Државниот универзитет Охајо.

„Овие родители сакаат нивните деца да ги остварат соништата кои тие самите не успеале“.

Оваа теорија држи вода, бидејќи постојат многу примери кои ја потврдуваат, како од реалноста, така и од светот на славните и познатите.

Земете го за пример познатиот тенисер Енди Мареј, чија кариера вртоглаво ја надмина онаа на неговата мајка Џуди.

Таа на почетокот го тренирала, а и ден-денес може да се забележи како жестоко навива на терените и гласно довикува совети што треба тој да направи.

Останува да се запрашаме дали без нејзината упорност и поддршка Мареј би бил добар тенисер, но уште поважно – дали тој воопшто сакал да стане тенисер?

Познавате ли доктори и адвокати кои не си ја сакаат својата професија, но морале да го истуркаат факултетот, само затоа што потекнуваат од докторска или адвокатска фамилија?

Или архитектот кој сака да биде ликовен уметник, но не смее да ги разочара генерациите архитекти пред него?

И додека некои деца неминовно одбираат да ја следат кариерата на своите родители, сепак е најважно самите да ја пројават таа желба и да го направат тој избор.

Не е добро кога родителите им влијаат на таа одлука по секоја цена, а уште полошо кога се обидуваат да создадат мала, подобра, поусовршена верзија од себеси.

Бидејќи колку и да мислите дека ваквите процеси ви носат гордост и исполнување како родител, заборавате дека во нив се губи вашето дете кое ќе порасне во човек без ронка индивидуалност.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg