20 аспекти на родителството кои ќе ги разберат само мајките

Кога ќе се роди детето, многу работи се менуваат. И најчесто, животниот стил на мајките се менува многу повеќе и веќе не е ист како порано.

20-aspekti-na-roditelstvoto-koi-kje-gi-razberat-samo-majkite-01.jpg

На пример, ако претходно сте ја миеле косата 15 минути, сега ќе бидете среќни и ако најдете 2 минути време за тоа.

Има уште многу такви примери за кои мајките се доказ, а ние направивме колекција од 20 најинтересни.

Можеби не сите моменти се точни за секоја мајка, но барем во дел од нив, сигурно ќе се пронајдат повеќето:

1. Почнувате да се броите како едно со вашето дете, на пример „ние јадеме благо“, „ние се разболевме“, „ни паднаа забите“, иако ништо од тоа не правите конкретно вие...

2. За 7 минути можете да направите повеќе работи отколку што некои луѓе прават за цел ден.

3. Кога детето ќе си легне, добивате слобода да правите што сакате – од миење садови, до пуштање машина за перење!

4. Кога ќе се видите со пријателите, сѐ што зборувате е поврзано со вашето дете.

5. Научивте како да го боцкате детето, иако претходно сте се плашеле од игли.

6Можете да правите повеќе работи  истовремено – готвење ручек, доење, зборување на телефон и гледање телевизија.

7. Сонот ве возбудува повеќе од сексот.

8. Го слушате детето како дише, дури и кога е време за спиење и вратите ви се затворени, а партнерот грчи до вас.

9. Бебешката облека ве интересира многу повеќе од онаа за возрасни.

10. Посакувате да можете да си ги замените местата кога детето ќе качи температура или ќе настине.

11. Одеднаш станувате свесни за опасноста на предметите во домот.

12. Можете слободно да гледате сами телевизија само кога детето ќе заспие мирно на цели 30 минути.

13. Одмор е кога одите во шопинг сами без детето.

14. Кога детето ќе почне само да оди во тоалет, му честитате како да освоил златен медал.

15. Ги испитувате и оценувате играчките според тоа колку долго м ожат да го задржат вниманието на детето.

16. Се пресоблекувате повеќе од тинејџерка која се подготвува за љубовен состанок, бидејќи постојано имате чудни дамки.

17. 15-минутно туширање со затворена врата веќе почнува да звучи како спа третман.

18. Ги знаете имињата на сите ликови во омилените цртани филмови на детето.

19. Понекогаш „се фаќате“ како пеете бебешки песни дури и откако детето ќе заспие.

20. Сега можете гордо да го славите Денот на мајката и да примате честитки и подароци.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg