Не можеш сè, па престани да се обидуваш: 20 мали работи кои секоја млада мајка мора да ги слушне
Не сте единствената мајка што знае да отрча во спалната соба и да плаче неутешно како мало дете.
Да се биде мајка е магично, но понекогаш кога обврските ќе се соберат, а бебето не сака да престане да плаче може да се почувствувате беспомошно.
Но, не грижете се! Сите мајки се соочуваат со тоа и во себе и вие имате храброст да се справите.
Еве кои се 20-те мали работи кои секоја мајка мора да ги слушне:
- Да, успеа! Создаде човечко суштество. Тоа е најголемото постигнување, не заборавај.
- Оди понекогаш легни на грб, одмори се и честитај си себеси за малите успеси во новата улога секој ден.
- Пронајди некоја секунда за себе во набиениот распоред на доење, пресоблекување, бањање, хранење...
- Ако не си полудела досега, може да полудиш, но внимавај – ако полудиш ти и твоето бебе ќе полуди.
- Сепак ти си засекогаш поврзана со ова мало магично суштество, па неколку емоционални срушувања не се невообичаени, ниту за тебе, ниту за него.
- Доста мислиш на тие глупави килограми што ги качи во бременоста. Дај си малку време!
- Твоето бебе те сака без разлика на сè. Кажи си го тоа на глас.
- Не биди престрога кон себе.
- Милион други жени успеаја да израснат деца пред тебе, но не дозволувај тоа да те залаже дека им било лесно.
- Дозволено ти е да пукнеш под притисокот и да заплачеш понекогаш.
- Кога се чувствуваш презаситено, застани и диши. Потоа продолжи.
- Не можеш сè, па престани да се обидуваш.
- Не плаши се да побараш помош.
- Твоите сакани сакаат да ти помогнат, верувај навистина сакаат!
- Твојот стар живот е токму тоа – твој стар живот. Фокусирај се на градењето на нов живот и многуте радости кои ти ги носи.
- Иднината ќе ти донесе многу падови, но и многу магични мигови.
- Другите мајки се во право: Секој ден станува малку полесно.
- Ништо не е така страшно како што изгледа на почетокот.
- Адаптирањето е тешко, но ти си и повеќе од способна за да го сториш тоа.
- Ти си супер херој – барем на едно мало прекрасно суштество.
С. С. | Црнобело