Зошто бебињата го обожаваат звукот на фенот и полесно заспиваат со него?

Познавате ли родители коишто тврдат дека нивното бебе полесно се заспива со одредени звуци, како оние кои ги прави фенот или правосмукалката? Можеби и вие сте таков родител, или сте биле дете кое заспивало на многу сличен начин?

Zosto-bebinjata-go-obozavaat-zvukot-na-fenot-01.jpg

Сте се запрашале ли некогаш зошто бебињата го обожаваат овој тип на звуци?

Одговорот е многу поедноставен отколку што може да замислите. 9 месеци домот на бебето била многу бучната матка на мајката.

Секоја минутка од секој ден, матката била опкружена со симфонија од внатрешни звуци: срцебиењето на мајката, крвниот притисок, нејзините стомачни грчеви, подригнувања, итн.

Воедно, да не ги изоставиме и надворешните звуци и гласови, како секојдневните разговори, домашната бучава, сообраќајот, музиката и многу други.

Па може да замислите како бебето се чувствува кога се раѓа и од една многу бучна матка одеднаш се префрла во многу тивок свет.

Токму затоа звуците на фенот и правосмукалката им се многу блиски на бебињата. Бидејќи ги потсетуваат на звуците кои тие ги слушале додека биле во матката на мајката. Тие ги смируваат, враќајќи им едно многу добро познато чувство, чувство на удобност и сигурност.

Сепак, внимавајте кога ги користите овие апарати со цел полесно да го успиете бебето. Тие сепак не треба да бидат премногу гласни, бидејќи може да го оштетат деликатниот слух на бебето кој сè уште се развива.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg