Водич за родители: Што да правите кога сте на раб да го изгубите трпението?

Сите родители имаат „луди“ денови, особено ако децата им се помали. Цел стан е хаос, играчки на сите страни, телевизорот пуштен на цел глас, децата викаат, се бркаат итн.

vodich-za-roditeli-shto-da-pravite-koga-ste-na-rab-da-go-izgubite-trpenieto-01.jpg

И не е само дома, вакви ситуации има и додека се возите во автомобил со децата, додека сте во супермаркет или на гости. Тешко дека постои некој кој не би го изгубил трпението.

За да не „експлодирате“ и да почнете со викање, направете нешто од следниве работи од листата кои може да ви помогнат да се смирите за неколку секунди:

1. Гушнете ги дечињата.

2. Вдишете, избројте до 5, па издишете (неколку пати).

3. Правете сенки на ѕидовите со рацете.

4. Смислете некој ваш, таен поздрав со кој ќе се ракувате со децата.

5. Излезете надвор и избројте до 10, па вратете се.

6. Ако сте во автомобил, играјте некоја игра додека чекате да се запали зелено светло.

vodich-za-roditeli-shto-da-pravite-koga-ste-na-rab-da-go-izgubite-trpenieto-02.jpg

7. Кажете некој виц.

8. Скокајте по креветот заедно со децата.

9. Каснете малку чоколадо.

10. Предложете им која книга да ја читаат, или читајте им вие.

11. Ѕвонете им на баба и дедо и пуштете ги децата да зборуваат со нив.

12. Направете нешто за јадење.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg