9 типови на мајки што се истакнуваат во женските групи на Фејсбук

Фејсбук веќе одамна стана многу повеќе од групите во кои членувавме на времето без никаква поента, од типот: За сите на кои вратата во супер маркетите им се отвора автоматски.

9-tipovi-na-majki-sto-se-istaknuvaat-vo-zenskite-grupi-na-fejsbuk-001.jpg

Денес е нашата основна алатка за комуникација, место за креирање идеи, но и виртуелен простор за споделување проблеми и пронаоѓање одговори на многу прашања.

Фејсбук групите за новопечените мајки не се никаков исклучок. Во теорија звучат супер, место за дружба и одговори на сите недоумици поврзани со децата и мајчинството.

Во пракса малку потфрлаат, па групата од една модерна и културна заедница се претвора во хаотичен панаѓур, поради кој сте принудени да ги исклучите нотификациите или да излезете надвор од неа.

Како и во секоја група, така и во овие, неминовно се истакнуваат неколку типови на мајки кои не можеш да не ги забележиш. Без лутење мамички бидејќи го давате најдоброто од себе, но многу веројатно е дека ќе се пронајдете себеси или некоја пријателка во следните неколку типови на виртуелни мајки:

Мајката која не признава никакви научни истражувања

А што ни фали на нас? Пораснати со маст и црвен пипер, џумки на колената, ноџиња во кал. Какви бактерии, какви инфекции, што ви е на вас мајките денес? Да, јас пораснав со цуцлата натопена во мед и му давам и на моето бебе. И не му е ништо!

Мајката опседната со бактерии и зависна од статистики и истражувања

Целосно спротивна на првиот тип на мајка. Педијатарот и е во трите највртени броеви и точно ги знае сите алергии, опасности, а неретко и самата може да ги дешифрира симптомите кога нешто не е во ред со детето, па себеси се доживува по малку како докторка.

Опседната е со органска и безглутенска храна, секаде со себе носи влажни марамчиња и антибактериски гел и се ужаснува од луѓето што ѝ го допираат детето, прашувајќи се дали претходно си ги измиле рацете.

Мајката која потајно сака да се натпреварува и е опседната со напредувањето на бебето

Дали 2-месечното бебе од 7 kg напредувало доволно? А, кога проодеа вашите бебиња? А, првиот збор? Еее, моето веќе врзува цели реченици, машала ќе прооди кај и да е, а нема ниту годинка.

Едноставно е, групата е натпревар, а нејзиното бебе е шампион. И сите мора да го знаат тоа.

Супер-мајката која стигнува да направи сè

Во принцип звучи по малку неверојатно како да измислува, ама ги тера сите останати мајки да се чувствуваат лошо и ги фрла во блага депресија.

Таа е мајката која оди на работа, а покрај тоа стигнува секогаш да направи и ручек, пакува домашни ужинки за сите, прави торти и меси кифлички, а куќата, децата, сопругот и вклучително и таа се како излезени од моден каталог.

И секако дека сама ја направи роденденската торта, па прелесно е да се направат фигури од фондан, нели?

Мајката-дежурен коментатор која неуморно одговара на едни исти прашања

Каде се породивте? Какви пелени користите? Што спакувавте за на одмор?

Тука е типот на мајка која неуморно ги одговара со ред сите овие прашања, не штедејќи на детали (бев отворена 6 прсти некаде околу 3.30 по полноќ), а објаснувањето што спакувала за на одмор е како мини романче од 78 страници.

Неуморна е, и само сака да помогне со своите искуства, пренесени од А до Ш, без никаков филтер и цензура.

Мајката која ги анализира каките на бебињата

Не само на своето, туку и на сите оние ќе се охрабрат да го сликаат и објават гомцето на своето малечко. Точно ја знае разликата во нијансите и умее да постави дијагноза врз основа на фотката.

Мајката која го има одговорот на секое можно прашање

Имала или немала искуство, таа ќе го напише своето мислење на секое можно прашање. Не е важно дали е точно, таа слушнала/видела/прочитала или ѝ работи мајчинскиот инстинкт кога дели совети, иако се работи за туѓи деца. Таа едноставно знае сè!

Жената која толку читала за породувања, што почнува да дели совети и на другите

Не е важно што сè уште не е породена или е далеку од тоа да стане мајка, таа има одговор на сите прашања поврзани со забременување, породување и симнување на вишокот килограми.

Мајката опседната со колички и седишта за во автомобили

Додека едни коментираат како е ненормално да се фрлат толку пари за бебешка и детска количка, тука е мајката која е на мисија да ги премисли сите во групата! Тоа се оние кои ги возат децата во мали вселенски бродови и „не жалат ни денарче од 90-те илјади“ што ги „лупнале“ за количката.

Ќе ве информира од каде да го порачате најдобриот модел, евентуалниот попуст и (можеби) ќе успее дури и да ве премисли. Сè додека не ја видите дека треба да продадете бубрег за да ја купите количката.

Драги мамички, најважно е вашите деца да се среќни и здрави. Уживајте во секој миг од мајчинството.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg