Креативна мајка ѝ прави фустани на ќеркичката од стари кошули на сопругот
Сигурно досега сте се нашле во искушение да ја фрлите старата облека. Стефани Милер, креативна мајка од Јута нашла одлично решение повторно да ги употреби старите кошули.
Стефани вели дека долго време страдала од пост-породилна депресија, а и тешко го поднесувала фактот што со сопругот немале многу пари и живееле во еднособен стан заедно со мало бебе.
Откако нејзиниот сопруг ѝ подарил мала машина за шиење, таа ја разбудила креативната страна и научила да шие, па започнала да изработува фустанчиња за нејзината 3-годишна ќеркичка од старите кошули на сопругот.
Резултатот е одличен, а оваа креативна мајка ги споделува модните комбинации на нејзиниот Инстаграм профил.
Се гледа дека и ќеркичката е пресреќна, па дури и сама си прави нарачки каков фустан да ѝ направи мајка ѝ.
Погледнете дел од овие одлично изработени модни комбинации:
М. В. | Црнобело