Сите се твои? Сите се од ист татко? – Безобразни прашања со кои се соочува мајка на 6 деца

Млада мајка на 6 деца кои имаат помалку од 6 години, отвори свој профил на кој ги објавува сите досадни и чудни прашања кои секојдневно ѝ ги поставуваат.

site-se-tvoi-dali-site-imaat-ist-tatko-bezobrazni-prashanja-so-koi-se-soochuva-majka-na-6-deca-01.jpg

Крешел Картер која има 27 години изјавила дека иако е тешко да се има 6 мали деца, сепак она со што најтешко се справува се непосакуваните коментари на луѓето.

„Вистинска борба е да се има 6 мали деца на млада возраст. Тешко е да се оди до продавница, да седнеме на ручек надвор, да ги однесеме сите во градинка и училиште и да исчистиме – но, нели тоа сите го прават? Она со што најтешко се справувам се коментарите на луѓето.“

site-se-tvoi-dali-site-imaat-ist-tatko-bezobrazni-prashanja-so-koi-se-soochuva-majka-na-6-deca-0002.jpg

На нејзиниот блог таа споделува совети и трикови кажувајќи како таа одговара на прашањата кои најчесто ѝ ги поставуваат.

„Се обидував да ги игнорирам и да не ги слушам, но ова е единствениот начин кој го смислив за да го прифатам тоа. Одлучив да им го давам одговорот кој тие всушност сакаат да го слушнат.“

site-se-tvoi-dali-site-imaat-ist-tatko-bezobrazni-prashanja-so-koi-se-soochuva-majka-na-6-deca-03.jpg

Еве дел од прашањата и како таа одговорила на нив: 

- „Не се сите твои нели?!?!“

Секако дека се. Сите се родени од мојата матка и сѐ уште изгледам добро, нели душо? (погледнувајќи кон сопругот).

- „Сите ли имаат ист татко?“

Па, уште не сме ги тестирале ама прилично сме сигурни дека првите 4 се на овој дечко (покажувајќи повторно кон сопругот).

- „Имате ли телевизор?“

Всушност имаме 3, но кој ги го менувал предобриот секс за телевизор, луди ли сте?

- „Дали овој човек е твојот сопруг?“

Не, всушност мојот сопруг е дома, тој заслужува одмор – ова е мојот љубовник, Фернандо.

- „Нема да имате уште деца нели?“

Па, мојот сопруг правеше вазектомија, ако на тоа мислевте, но Фернандо, мојот љубовник нема такво нешто, па мислам дека може да имаме уште неколку деца.


И така ова може да оди до недоглед, но целта на оваа девојка е да покаже дека не е ничија работа тоа колку деца некој има.

Сите треба да се поддржуваме еден со друг или воопшто да не се мешаме во туѓите животи.

site-se-tvoi-dali-site-imaat-ist-tatko-bezobrazni-prashanja-so-koi-se-soochuva-majka-na-6-deca-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg