5 типови на мајки што ги среќаваме на летување

Летото е во полн ек, а сезоната на сончање и капење веќе започна. Родителите ги водат своите деца на разладување, а посреќните мајќи меѓу нив, успеваат и самите за себе да пронајдат момент на оддишка и одмор од секојдневните обврски.

5-tipovi-na-majki-shto-gi-srekjavame-na-letuvanje-001.jpg

Доколку појдете на базен, езеро или, пак, море, како во земјата, така и во странство, ова се петте типови на мајки што неизбежно ќе ги забележите:

1. Мајка со мали деца

Ќе ја препознаете по купот гуми и мускули за пливање кои ги носи со себе, додека живее во постојан страв дека децата ќе ѝ се удават. Не ѝ замеруваме – малите деца во вода се ноќна мора за секоја мајка. А, нејзините малечки завчера научиле да одат, вчера првпат влегле во вода, а денес веќе мислат дека се професионални пливачи. Трчаат по ивиците од базенот, скокаат во длабокото и се прскаат до бесвест. На госпоѓата не ѝ е нималку лесно.  

5-tipovi-na-majki-shto-gi-srekjavame-na-letuvanje-2.jpg

2. Децата-да-не-бидат-гладни тип на мајка

Во една торба ѝ се реквизитите за на плажа, а во другата - смоки, чипс, гуми за џвакање, бомбони, сокови, кекси, чоколатца, сендвичи, лижавчиња, праски, мандарини, јаболки, цреши, кикирики, леден чај...После неа, муштериите во локалната продавница ги очекува непријатно изненадување, затоа што таа комплетно ги опустошува полиците. А, уште „повесело“ е ако со себе носи и рачен фрижидер.

5-tipovi-na-majki-shto-gi-srekjavame-na-letuvanje-3.jpg

3. Мајка со мисија за заштита од сонце

Вообичаено, таа лежи под чадорот за сонце, во панталони и блуза со долги ракави. На главата носи шешир, а во раката везден ѝ е кремата со заштитен фактор 50. И нејзините деца, секако, облечени се на сличен начин, па не знаете дали дошле на сончање и капење, или, пак, се подготвуваат да пешачат преку пустината Сахара.

5-tipovi-na-majki-shto-gi-srekjavame-na-letuvanje-4.jpg

4. Мајка која „голта“ книги и магазини

Децата ѝ се веќе потпораснати, па не мора и понатаму да води сметка за нив во секој можен миг. Таа ужива на лежалката со своите омилени љубовни романчиња и модни магазини, без ниту една грижа на овој свет. Кога тоа ќе ја умори, тука се социјалните мрежи - статусите, селфи фотките, чекирањата и сè останато по ред. Но, ако, таа и заслужува конечно да се опушти, по првите напорни години од мајчинството.

5-tipovi-na-majki-shto-gi-srekjavame-na-letuvanje-5.jpg

5. Згодна мајка

Мајката за која не сме сигурни дали повеќе ја мразат, или, пак, ѝ завидуваат останатите жени. Таа изгледа феноменално за своите години. Капењето за неа не е само време за одмор и разонода, туку и тренинг, во чиј тек може да поработи на своето тело, кондиција, но и да им покаже на сите која е најдобрата пливачка меѓу мајките. Кога не е во вода, таа се шета наоколу како да е на модна писта, додека ги рекламира своите тренди крпчиња и скапи очила за сонце. Кога подобро ќе размислиме, сепак повеќе ја мразат.

5-tipovi-na-majki-shto-gi-srekjavame-na-letuvanje-6.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg