На 20 години се молите тестот да има една цртка: Како се менува желбата за деца низ годините?

Велат дека мајчинството е најпрекрасната работа која може да ви се случи во животот. Тврдат дека сите се раѓаме со мајчински инстинкт кој се става во погон во моментот кога за прв пат го земаме нашето малечко в раце.

Tipicni-razvojni-fazi-na-procesot-narecen-sakam-da-imam-deca-01.jpg

Сепак, поминуваме различни етапи поврзани со прашањето деца и мајчинство. Од чекањето на штркот кој ќе го симне братчето или сестричето низ оџакот, до моментот на купување тест за бременост и бесшумните молби да биде или не, прашање е сега!

Еве како од прилика размислуваме на темата во текот на годините:

6 години

Еве мене што ми излезе: Ќе живеам во Франција, ќе се омажам на 25, ќе имам 3 деца со Ѓоко! Леле, не сакам да бидам толку стара мајка! Ќе се омажам на 22. Ајде да си гледаме уште еднаш!

7 години

Мамо, ти ме излажа дека штркот ги носи бебињата! Ние плус и немаме оџак, ќе го остави пред вратата? Мајка ѝ на Марија ѝ кажала дека бебињата се прават од јајце... како јајцата од фрижидерот што ми ги пржиш на око?

8 години

Мама уште има голем стомак, ѝ остана од Дејан. Уште личи на бремена. Не сакам толкав стомак. А мора да родам бебе? Можам и да посвојам дете.

10 години

Колку е убав Мануел од Младите бунтовници! Аааа, го сакам! Замисли да дојде во Македонија и да се запознаеме и да се вљубиме. Ќе си имаме најубави деца! Мануел, те сакаааам!

12 години

Едвај чекав да ми дојде менструација како на сите другарки и кога конечно имам и јас, сакам да кажам дека ја мразам! Ги мразам влошките, ги мразам болките во стомакот и половината и мразам што не можам да се бањам како сите други на одмор! Мразам менструација!

14 години

Еве, се чудам зошто некој сака да има деца. Жими сé кажувам. Вчера го чував малечкото на едни пријатели. Успеа да се пикне во плакарот и се покака внатре. Мислам во пелената де, додека седеше скриена во плакарот. Деца, пффф.

16 години

Само се бакнуваме и се фаќаме понекогаш, ама можеби треба да се информирам околу апчињата за контрацепција? Што си е сигурно, сигурно си е.

17 години

Имавме секс, користевме заштита и пијам апчиња и сé помина супер, и не знам зошто сум нервозна и зошто мислам дека е можно дека сум бремена?! Паранојо, оди си!

19 години

Бесплатно делеа кондоми пред концертот и ме потрупаа. Имам залихи за 10 години. Уште дечко да имав... Хахахаха.

21 година

Леле Господе, само да не покаже две цртки! Ќе бидам добра, ќе се посветам на факултетот, ќе работам ако треба паралелно, ќе ги завршам сите испити во рок. Те молам, те молам... една цртичка! ЈЕС!

22 години

Не ми се верува дека сакав да бидам мајка на 22 години. Кое теле! Ахахахаха.

23 години

Не ми се верува дека мислев како ќе имам дете досега. Која будала.

26 години

Значи дечки, да чуваш куче е исто како да имаш дете. Станувам сабајле да ја прошетам, се враќаме, ја бањам, ѝ давам да јаде. Оставам играчки да не ѝ биде досадно, не знаеш колку пари потрошив за еден шампон и за новото ремче. Светка навечер, срцка моја сакана!

28 години

Аман, сите ли имавте секс за Нова година? Сите околу мене се бремени, боже!

29 години

Многу сум среќна за вас. Само не станувајте напорни и досадни како сите можни родители на светов! Знаеш бре, од оние што зборуваат во множина – Ние јадевме, ние растеме. Жити сé само не ја китете малечката со оние огромни панделки на глава! Одвратни се! Аааа, веќе ѝ купивте? Ама добро, на неа па ептен убаво ѝ стои. Гу-гу! Сонце бе. Ќе пиеме уште по една? Чекај, само јас пијам?

30 години

Не ми е јасно. Не се пазиме веќе не знам колку месеци, ја следам апликацијата како манијак за плодни денови, еве ме лежам со нозете кренати нагоре. Пробувам да не мислам на тоа, да се опуштам и да не се нервирам... АМАН, ЗОШТО НЕ СУМ БРЕМЕНА? СИТЕ ШТО ГИ ЗНАМ СЕ БРЕМЕНИ. Сите родија по едно! Сакам само да сум бремена, толку ли е тоа тешко, толку ли многу барам?!

31 година

Растеме, растеме... ни излезе веќе едно запче. Сонце на мама, срцуфка најубава! Ќе позираш за мама? #momgoals #baby

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg