5 знаци дека сте го одбрале најдоброто име за своето дете
Изборот на името, со сигурност спаѓа во најзабавниот дел од подготовките за пристигнување на бебето. Истовремено, претставува и една од најголемите одлуки што ќе мора да ги донесете, затоа што одбраното име ќе го следи вашето дете целиот живот.
Некои идни мајки и татковци си имаат омилени имиња и многу пред детето воопшто да се роди, некои се предомислуваат повеќепати во текот на бременоста, а има и такви кои не се сигурни околу името, дури ни тогаш кога бебето ќе дојде на овој свет.
Иако изборот на името е интересен и забавен дел од подготовките за пристигнување на бебето, тоа е и една од најголемите одлуки што ќе мора да ги донесете, затоа што одбраното име ќе го следи вашето дете целиот живот.
Овие пет едноставни знаци ќе ви покажат дали добро сте го одбрале името за своето дете:
1. Предизвикува насмевка
Кога ќе им кажете кое име сте го избрале, повеќето луѓе се насмевнуваат. Името не предизвикува чудење, ниту чудни погледи.
2. Расте со вашето дете
Името е соодветно и за бебе и за возрасна особа, без разлика дали вашето дете ќе стане рок-ѕвезда или претседател на држава.
3. Има посебно значење за вас
Ако бебето го крстите по драга личност од вашиот живот, ќе ви значи многу – подеднакво вам и на детето, независно од тоа дали е името на вашата баба или лик од омилената книга.
4. Сакате да го изговарате
Името совршено одговара со вашето презиме, па одвај чекате да почнете да го користите пред детето и сите други.
5. Му прилега на детето
Кога прв пат ќе го видите своето бебе, едноставно знаете дека добро сте одбрале.
М. А. | Црнобело