Која е најбезбедната возраст за да му купите смартфон на детето?

Со оглед на тоа што децата денес „се раѓаат“ со телефон во рака и веќе до 4 години ги имаат усовршено сите игри, од посебна важност е родителите да постават здрави граници.

koja-e-najbezbednata-vozrast-da-mu-kupite-smartfon-na-deteto-1.jpg

Ова не е тема која треба да се разбере лежерно. Анализите покажуваат дека просечен човек минува околу 5 часа на ден залепен за екранот на смартфонот. И звучи загрижувачки.

Според едно истражување, во просек, секое дете на 10 години го добива својот прв смартфон, а веќе 50% од децата на само 12 години се активни на социјалните мрежи.

Но, тоа не е случај во семејството на Бил Гејтс. Во последното интервју за The Mirror, тој изјави дека ниту едно од неговите деца немало мобилен телефон до 14-годишна возраст.

Токму така, на неговите деца не им било дозволено користење на смартфон пред да почнат средно училиште.

Но, бидејќи секое дете е различно и степенот на созревање е секогаш дискутабилен, најлесно ќе одредите дали вашето дете „заслужува“ мобилен телефон кој мена да го злоупотреби, преку овие прашања:

  • Дали на вашето дете навистина му треба смартфон од безбедносни или социјални причини?
  • Дали го сфаќа концептот да биде временски лимитирано колку време ќе го користи, без плачење и лутење?
  • Дали може да му верувате дека нема да куца за време на час и дали е доволно одговорно и свесно што треба, а што не треба да прави со сопствените слики и видеа?

Со оглед на ова, не постои совршено безбедна возраст. Постои само совршено безбеден тајминг кога вие ќе процените.

koja-e-najbezbednata-vozrast-da-mu-kupite-smartfon-na-deteto-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg