Есенцијални совети како да го заштитите детето од непознати лица
Пред да му овозможите повеќе независност на вашето дете, морате да бидете сигурни дека детето ќе биде безбедно.
Неколку работи кои треба да ги имате на ум и на кои треба да го научите детето како да се однесува покрај непознати луѓе.
Откривање на името
Не го пишувајте името на вашето дете на личните предмети, наместо тоа, во случај нешто да загуби, напишете: „Ако сте го нашле овој ранец, јавете се на...“ и наведете го вашиот телефонски број, не на детето.
Бегање од автомобили во спротивна насока
Ги учиме децата да не влегуваат во автомобил со непознати, но исто така треба да се научат и во која насока да трчаат, ако пред нив застане автомобил или ги следи. Поточно, детето треба да знае дека во таквите случаи треба да трча во спротивната насока од која се движи автомобилот.
Измислување на семеен пасворд
Ако некој се доближи до вашето дете и му каже: „Дојди со мене, ќе те однесам кај мама и тато.“, прво нешто што треба да праша малечкото од непознатото лице е дали ги знае имињата на родителите, а потоа и да го побара безбедносниот код кој ќе си го измислат само родителите и децата.
Инсталирање на апликации за следење
Благодарение на вградениот GPS систем во мобилните, многу лесно можете да знаете точно каде се движи детето и нивото на батеријата на телефонот.
Викање: „Не го знам овој човек!“
Кажете му на детето дека, ако случајно го зграби непознат човек, без разлика дали вие сте во близина, треба да вика на целиот глас: „Не го знам овој човек!“ за некој друг да може да помогне.
Прекин на разговори и држење на дистанца
Вашето дете треба да знае дека не мора да разговара со непознати луѓе, а ако веќе тоа се случи, тогаш разговорот не треба да трае подолго од 5 до 7 секунди, на оддалеченост од околу 1.5 до 2 метри.
Делење на лифт со непознати лица
Научете го детето дека може да го избегне возењето во лифт со непознати лица, а ако некој е сомнителен и се понуди, најдобро е да каже: „Го чекам татко ми.“.
Не смее да дава до знаење на непознати лица дека е само во домот
Научете го детето да не открива дека е само дома, ниту пак, да пушта непознати лица дома, освен ако претходно не сте му најавиле дека очекувате некого.
Избегнување на запознавање на пријатели онлајн
Предупредете го вашето дете да внимава со кого се спријателува на социјалните мрежи, а посебно да не испраќа лични фотографии или информации на лице кое не го знае.
Н. Г. | Црнобело