За сите мајки: Како од својот син да направите вистински маж, а не типичен Балканец
Научниците со години сметаат дека потребно е родителите, особено таткото да биде пример за своите синови.
Меѓутоа примерот на психологот Пеги Дрекслер зборува нешто друго...
Таа врз основа на своето долгогодишно искуство, работејќи со адолесценти дава неколку насоки како да израснете маж кој ќе биде сигурен во себе и кој нема да се плаши од критика.
Нејзините зборови се упатени кон сите мајки, бидејќи смета дека при воспитувањето на децата многу поголема улога имаат мајките во споредба со татковците.
1. Помирете се со тоа дека децата секогаш ќе бидат деца
Многу мајки се обидуваат да ги „заштитат“ своите синови од негативни влијанија на начин што ќе им забранат да гледаат насилни филмови и емисии или не им дозволуваат да се бават со некој спорт.
„Го учам синот ништо да не дели со другите деца – само така ќе стане човек“. Но, желбата за авантура и истражување кога тогаш ќе ги доведат до играчки како што се пластични пиштоли или рагби топка.
Децата ќе го создадат она што им е потребно за да се изразат. Ако сакаат пиштоли, лесно ќе ги направат па макар и од хартија.
2. Почитувајте ја нивната индивидуалност
Да се биде момче не значи дека треба да се имаат истите интереси што ги имаат останатите момчиња.
Немојте да инсистирате вашиот син да си игра со играчките кои се наменети исклучиво за момчиња. Доктор Пеги Дрекслер за „Psychology Today“ дава повеќе примери од своето искуство за различните интереси на момчињата.
„Кога 12-годишниот Итан требало да се одлучи за изборен предмет во седмо одделение, тој се одлучил за готвење и шиење. Неговата мајка била сигурна дека неговиот избор нема да наиде на одобрување во одредени кругови, но сепак го прифатила неговиот избор“.
Луѓето треба да сфатат дека да се биде маж не значи дека на момчињата треба да им се забрани да се интересираат за активности кои се типично женски.
3. Немојте да паѓате на родово заснованите очекувања
Научниците сметаат дека родовата поделба на активностите предизвикува депресија и допринесува за развој на агресија кај децата.
Доктор Дрекслер објаснува дека родовата квалификација оневозможува нормален емотивен развој кај децата.
Децата кои не се ограничени во родовите улоги се поотворени, имаат поголема независност и се сексуално потолерантни.
4. Помогнете му конструктивно да се носи со критиките и предрасудите
Научете го вашиот син како да ја изрази својата индивидуалност.
„Десетгодишниот Кејлеб тешко се носел со фактот дека е низок за своите години и со тоа што неговите врсници постојано го задевале. Мајка му во повеќе наврати разговарала со него на таа тема посочувајќи му ги сите добри работи кои ги можат само малите луѓе“.
Подоцна играјќи сос сестра му, кога таа го запрашала дали е низок за своите години, тој гордо одговорил дека е, и дека тоа е супер од повеќе причини.
5. Поттикнувајте ги неговите различни интереси
Честопати психолозите се сретнуваат со проблемот каде родителите своите желби и цели ги пресликуваат врз децата, терајќи ги да се бават со нешта што тие не ги сакаат. Родителите би требало да ги охрабруваат своите деца да се обидат со различни активности, бидејќи тоа ќе им отвори нови видици во животот.
На тој начин ќе се зголемат нивните искуства кои ќе создадат нови мисли, нови идеи и поинаков поглед на животот.
М. С. | Црнобело