Ќерко, те учев да бидеш мангуп и принцеза во едно

Кога се роди бев избезумен.

kjerko-te-ucev-da-bidesh-mangup-i-princeza-vo-edno-01.jpg

Животот не ми даде прирачник. Сестрите не ми дадоа никакво објаснување, само ми рекоа дека си се родила и дека не дишеш. Седев во чекалната и се прашував - Како е можно да не дише? И сè застана додека не истрчаа од салата и не извикаат - Честитаме! Мајката и девојчето се добри, ќе имате вистински борец во домот!

Бегав од твоите пелени. Кога имаше грчеви, знаев да те бакнам и да чекам да ти помине. Потоа следеа првите насмевки, чекори и зборови. Првата кашлица. Првите фотографии и исчекувањето - дали ќе излезат добри кога ќе се развие филмот? Врескање кога треба да се оди во градинка.

Ги „таманеше“ Kiki бонбоните кои постојано ти се лепеа за забите, па не водејќи сметка дали ти се чисти рацете, правеше најсмешни фаци обидувајќи се со прстите да ги извадиш. Никогаш не ми беше јасно зошто толку многу го сакаш оној цртан, Алиса во земјата на чудата. Кога бараше курс за летање за да можеш да се дружиш со Патар Пан.

Сè уште слушам како пука целофанот во кој беше завиткан каранфилот за твојата учителка. Го слушам и чкрипењето на пенкалото додека пишување. Звукот на брановите додека пливаш. Прво ќе се напиеш малку солена вода, а потоа ќе станеш и ќе се свртиш кон мене и со пркосна насмевка ќе ми кажеш: „Овој не беше добар, одиме на следниот!“. И како се смееш додека сладоледот ти тече по белиот фустан. Никогаш не знаеше да носиш бело, а да не се извалкаш. Но, знам дека еден ден ќе успееш, кога оној вистинскиот ќе ти го зграби срцето.

Гледам како паѓаш во несвест на училишната приредба, затоа што го заборави текстот и ти аплаудирам за снаодливоста.

Слушам како се прикрадуваш на баба ти, а таа те советува да не излегуваш од дворот... Па, потоа ти кажува како неа дедо ја украл од домот, а ти ја прегрнуваш и ѝ ветуваш дека ќе напишеш крими роман за нејзиниот живот.

Те учам да кажуваш - благодарам, не сакам, сакам, љубов, сон, сакам, среќа, е** се кретену, можам, знам...

Те учам никогаш да не кажуваш - циган, педер, проститутка, мрза, болест, секс за една вечер...

Знам дека се досадуваше додека се обидував да ти објаснам зошто е клише да глумиш женска верзија на Буковски во втора година средно и да фрлаш сè, негирајќи го сопственото постоење. Дека тетоважите се минлива мода. Дека алкохолот не е за претерување, туку за уживање. Дека дрогите не ти се потребни за пишување. Дека потребно е да чувствуваш потреба да пишуваш. Само така твојот свет нема да престане да зборува и да живее. Се обидував и на крајот ти објаснив.

Бев покрај тебе и за тебе. Се борев. Те учев и сама да се бориш. Да не бидеш нежна принцеза. Да бидеш мангуп и принцеза во едно.

И сакам само да ти кажам дека се гордеам заради тоа каква личност стана откако порасна.

Сакам пак да ти кажам редовно да спиеш, да јадеш повеќе овошје, помалку да пушиш. Да не излегуваш надвор со мокра коса. Да го турнеш од себе секој кој ќе те повреди.

Знам дека ти недостасува да те прегрнам и да ти шепнам: „Ќерко, овој фраер ти е супер!“. Мене тоа ми недостасува уште повеќе, и многу други работи, од оние обичните и секојдневни, до оние најважните.

Немој да се нервираш и да тагуваш за оние кои си ги изгубила. Не се ни свесни колку се среќни што макар за кратко биле дел од твојот свет.

Немој да се срамиш да зборуваш со празната столица, фотографија или плоча. Тебе барем не морам да ти објаснувам дека секогаш сум тука. А, светот нека мисли дека си луда. Само од напред и нагоре. Тоа ти се единствените два дозволени правци.

И прегрни ја мајка ти понекогаш!

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg